Како сувата и груба кожа да ја добие потребната нега, но и убаво да мириса?

Честата изложеност на ниските температури и студениот воздух значително го забрзуваат процесот на стареење на најголемиот орган на нашето тело - кожата.

kako-suvata-i-gruba-kozha-da-ja-dobie-potrebnata-nega-no-i-ubavo-da-mirisa-01.jpg

Првата промена за која главен виновник е студеното време е сушење на кожата, како резултат на намалена работа на потните и лојните жлезди. Дополнително, често пати се јавува и лупење и црвенило на кожата. Покрај тоа што влијае директно врз кожата, влијае и врз крвните садови на кожата, при што доаѓа до пукање на површинските капилари на кожата, особено на лицето, каде што се појавуваат црвени ситни точки.

kako-suvata-i-gruba-kozha-da-ja-dobie-potrebnata-nega-no-i-ubavo-da-mirisa-04.jpg

Први на удар се деловите што се директно изложени на надворешно влијание, како што се лицето и периферните делови на телото, нозете, стапалата и рацете. Тие имааат потреба од интензивна нега со дерматолошки тестирани производи кои содржат уреа и одговараат на кожата. Затоа линијата на Еуцерин за нега на сува и груба кожа сега е збогатена со 2 нови производи, кои покрај тоа што овозможуваат длабинска хидратација, имаат и смирувачки мирис. Новите производи помагаат кожата да ја добие потребната нега, но и убаво да мириса. Станува збор за EUCERIN BODY 5% UreaRepair PLUS Парфимирана пена за туширање и Eucerin® 5% UreaRepair PLUS Парфимиран лосион за тело.

kako-suvata-i-gruba-kozha-da-ja-dobie-potrebnata-nega-no-i-ubavo-da-mirisa-03.jpg

Уреата се смета за еден од најважните и најмоќни природни хидратантни фактори на кожата. Заради намалената функција на лојните жлезди кај сувата кожа, во производите има ставено и церамиди. Церамидите се природна состојка на кожата, која видно ја подобрува бариерната функција на кожата. Освен претходно наведените активни состојки, во лосионите за нега на кожата на телото има и глуко-глицерол, супстанција која ја активира аквапоринската мрежа и овозможува оптимална хидратација на кожата во длабочина.

kako-suvata-i-gruba-kozha-da-ja-dobie-potrebnata-nega-no-i-ubavo-da-mirisa-02.jpg

Линијата на производи Eucerin® UreaRepair PLUS содржи повеќе производи со различна концентрација на уреа. Целта е да се задоволат индивидуалните потреби на сувата кожа за замастување, хидратација, отстранување на изумрените површински клетки и смирување на интензивниот јадеж. Сите овие бенефити можеме да ги искористиме за нега на сува и многу сува кожа, возрасна сува кожа, невродерматитис, дијабетес, псоријаза и слично и да уживаме во својата кожа.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg