Дали имунитетот е потребен само во зима?

Малите деца се особено чувствителни кон инфекциите особено во есенскиот и зимскиот период. Тогаш се најчести респираторните инфекции, но нив ги има во текот на целата година. Родителите имаат чувство дека нивното дете само што оздравело од една инфекција повторно се разболува.

dali-imunitetot-e-potreben-samo-vo-zima-01.jpg

Имуниот систем на детето е комплексен и интензивно созрева во тек на првите години. Но, јак имун систем ни е потребен постојано, за да нè штити од инфекции. Во зима се респираторни инфекции, во лето проливи и кожни инфекции, во тек на целата година уринарни инфекции. Посетата на градинка, особено го прави организмот почувствителен на инфекции во тек на првите месеци додека детскиот организам не се адаптира на таа средина. Како организмот ќе се справи со овие инфекции пред се зависи од степенот на созреаност и состојбата на имуниот систем.

„Неспецифичниот имун одговор е важен да го заштити организмот од инфекции, или, доколку дојде до инфекција придонесува што поскоро да се справи со истата и организмот да оздрави. Доколку дојде до посериозни знаци за инфекција, се активира специфичниот имун одговор, со што организмот оздравува и истовремено го запаметува тој микроорганизам. При следната инфекција со истиот сој, организмот веднаш го активира специфичниот имун систем и не дозволува детето да се разболи. Доколку сите делови на имуниот систем се здрави и силни, со тек на време ќе изгради отпорност кон најчестите инфекции и детето нема да се разболува. За јак имунитет потребно е правилна исхрана во тек на целата година”, објаснува д-р педијатар Катарина Ставриќ за имуниот систем кај децата.

Исхраната и правилниот избор на намирници за дневното мени ја имаат најголемата одговорност во создавањето здрав организам отпорен на болести, вируси и бактерии. Со правилна и разновидна исхрана, со која се обезбедуваат сите нутритивни потреби за протеини, масти, јаглени хидрати, витамини и минерали се обезбедува здрав имунитет за одбрана на организмот од инфекции. Постојано треба да го одржуваме имуниот систем здрав независно дали има зголемен ризик за инфекции или не.

Млекото содржи висококвалитетни протеини, витамин Б2, Б3, Б12, калциум, фосфор, калиум и во полномасните млека масти кои се неопходни за развој на организмот. Збогатените млека со витамини, како што е Битолско млеко со 10 витамини, се токму таков производ кој ги обезбедува сите потребни нутритиенси. Тие, исто така, содржат мали количини цинк, магнезиум, фолат и витамин Б6.

„Клетките на имуниот систем имаат потреба од енергија која ја добиваат од гликозата, аминокиселини и масти, како и од витамините и минералите. Аминокиселините и протеините се клучни компоненти за јак имунитет, додека витамините А, Ц, Д и Е ги штитат клетките од оштетување од слободните радикали. Б2, Б6, Б12, фолна киселина, исто така се витамини кои подржуваат здрав имун систем“, вели педијатар Ставриќ.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg