,,LPP” модните брендови од централна и источна Европа ги отвораат своите први продавници во Ист Гејт Мол во Скопје

Полската модна компанија и воедно реномиран моден бренд ,,LPP SA” ги отвора своите први продавници во Скопје во Ист Гејт Мол наесен годинава.

lpp-modnite-brendovi-od-centralna-i-istochna-evropa-gi-otvoraat-svoite-prvi-prodavnici-vo-ist-gejt-mol-vo-skopje-06.jpg

,LPP SA” е групацијата која раководи со пет познати брендови: Reserved, Mohito, House, Cropp и Sinsay. Секој бренд е насочен кон различна целна група, нуди различен стил и претставува поинаков начин на изразување.

lpp-modnite-brendovi-od-centralna-i-istochna-evropa-gi-otvoraat-svoite-prvi-prodavnici-vo-ist-gejt-mol-vo-skopje-07.jpg

lpp-modnite-brendovi-od-centralna-i-istochna-evropa-gi-otvoraat-svoite-prvi-prodavnici-vo-ist-gejt-mol-vo-skopje-09.jpg

LPP SA е глобална компанија со присуство на 38 пазари (директно и со продажба преку интернет), има 1.800 продавници и повеќе од 24.000 вработени во Европа, Азија и Африка.

lpp-modnite-brendovi-od-centralna-i-istochna-evropa-gi-otvoraat-svoite-prvi-prodavnici-vo-ist-gejt-mol-vo-skopje-05.jpg

LPP SA е една од најбрзо растечките модни синџири во источна и централна Европа. Компанијата официјално котира на најразвиената берза во централна и источна Европа, берзата во Варшава, и тоа на индексот WIG20 - кругот на најсилните полски компании, а акциите на LPP SA се дел од престижната листа MSCI на ниво на Полска.

Олга Јосевска, Регионален менаџер на ,,LPP” за Северна Македонија, Албанија и Косово изјави:

„Среќни сме што ги отвораме првите продавници во Северна Македонија, која е седма земја на балканскиот пазар во која ја нудиме нашата мода. Стилот и разновидноста на нашите колекции се одлично прифатени од страна на клиентите во овој дел на Европа. Веруваме дека клиентите во Северна Македонија, според интересот што го покажуваат за модна инспирација, ќе добијат многу можности да го пронајдат својот стил и да ја изразат својата исклучителност, благодарение на нашите пет брендови“.

lpp-modnite-brendovi-od-centralna-i-istochna-evropa-gi-otvoraat-svoite-prvi-prodavnici-vo-ist-gejt-mol-vo-skopje-08.jpg

Н.Е. Амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Војциех Тицињски, изјави:

„Огромна чест е да се има водечкиот европски бренд од Гдањск во Северна Македонија, кое додава вредност на светскиот избор на брендови кој ќе го понуди најмодерниот трговски центар во Скопје, Ист Гејт Мол”.

lpp-modnite-brendovi-od-centralna-i-istochna-evropa-gi-otvoraat-svoite-prvi-prodavnici-vo-ist-gejt-m.jpg

Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков подвлече дека присуството на LPP со целокупното портфолио на брендови ги носи најсвежите новости и најинтересните трендови во модниот сегмент за жени, мажи и деца. Како една од најголемите меѓународни малопродажни синџири за облека, групацијата LPP со над 6.500м2 изнајмена површина, се позиционира како стратешки бренд на македонскиот моден пазар.

lpp-modnite-brendovi-od-centralna-i-istochna-evropa-gi-otvoraat-svoite-prvi-prodavnici-vo-ist-gejt-mol-vo-skopje-03.jpg

lpp-modnite-brendovi-od-centralna-i-istochna-evropa-gi-otvoraat-svoite-prvi-prodavnici-vo-ist-gejt-mol-vo-skopje-10.jpg

lpp-modnite-brendovi-od-centralna-i-istochna-evropa-gi-otvoraat-svoite-prvi-prodavnici-vo-ist-gejt-mol-vo-skopje-11.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg