Македонско кредитно биро - вашиот партнер во деловниот свет и финансиите

Речиси 13 години посветени на брзо, точно и навремено информирање во деловниот свет

makedonsko-kreditno-biro-vashiot-partner-vo-delovniot-svet-i-finansiite01.jpg

Скопје, 17.02.2021 - Сметка за телефон, рата за кредит, лизинг за возило... Колку пати до сега ви се случило една заборавена сметка да ви ги наруши сите планови? Обврските за плаќање се секако непријатни, а секоја доспеана и ненавремено подмирена сметка носи дополнителни трошоци, стрес и нервози.

Не дозволувајте да бидете непријатно изненадени! Бидете навремено и точно информирани со МКБ!

Со речиси 13 години постоење, МКБ претставува личен асистент на голем број физички и правни лица по основ на обврски, кој преку собирање, обработка и размена на податоци, изготвува извештаи за задолженоста. Преку изготвување на сопствен и корпоративен извештај за бонитет, МКБ им нуди на сите физички и правни лица брз и точен увид за статусот на долговите и подмирувањето на истите, безбедно деловно опкружување и сигурно чекорење низ процесот на деловното одлучување. Услугите на МКБ можат да ги користат сите физички и правни лица кои сакаат да имаат личен увид во сопствената задолженост.

На тој начин, преку превентивно информирање би можеле да ги избегнете дополнителните трошоци и време.

МКБ управува со единствениот систем во Македонија кој врши собирање, обработување и размена на податоци за обврските на правните и физичките лица, со цел да дава информации за задолженоста и редовноста во измирувањето на обврските. МКБ располага со најголемата база на податоци која се ажурира на дневна основа и нуди единствени можности за заштита од ризично работење, преку успешно управување и преземање ризици што може да се контролираат.

Кога мислам на точна и навремена информација, мислам на МКБ!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg