Обезбедете ја вашата домашна мрежа со SafeNet HOME

Колку често размислувате за вашата безбедност на интернет? Со дигитализацијата и новиот начин на работа, забава и комуникација, во онлајн светот сè повеќе се соочуваме со потенцијални напади и злоупотреби.

obezbedete-ja-vashata-domashna-mrezha-so-safenet-home-01.jpg

Безбедното пребарување на интернет во голема мера зависи од она што го правите додека сте онлајн. Преземањето софтвер, купувањето и плаќањето сметки онлајн носат ризици со себе коишто не можете секогаш да ги забележите.

Безбедноста на мрежата, во време кога сè се одвива онлајн, треба да биде ваш приоритет, бидејќи од неа зависи и сигурноста на вашите податоци.

Најдобриот начин да ја осигурате вашата домашна мрежа е SafeNet HOME на Македонски Телеком, единствената услуга специјално дизајнирана за да ве заштити од сајбер заканите коишто постојат на интернет.

Помислете на сите фотографии, документи и лични податоци коишто секојдневно поминуваат низ вашиот лаптоп или смартфон. Сите тие се изложени на огромен број потенцијални закани чијашто цел е да ги злоупотреби истите и, најчесто, за да извлече некаква корист од нив. Притоа, хакерите и штетниот софтвер (malware/spyware) не бираат дали податоците му припаѓаат на возрасен човек или дете – единственото она што им е важно е пристапот до нив. Поради сето ова, во сечиј дом е потребна заштита на интернет мрежата којашто ќе гарантира дека чувствителните податоци ќе бидат заштитени.

SafeNet HOME е услуга достапна за корисниците на Magenta 1, којашто е интегрирана во мрежата на Македонски Телеком, достапна веднаш по активирањето, без потреба од инсталирање на дополнителен хардвер или софтвер.

Станува збор за услуга којашто обезбедува целосна заштита при интернет пребарувањето преку вашата фиксна линија, а со тоа и заштита на сите поединечни уреди, без разлика дали сте поврзани преку Wi-Fi или мрежен кабел. Услугата ги заштитува сите уреди коишто се поврзани на фиксната мрежа од вашиот дом, ве штити од небезбеден интернет сообраќај на мрежата на Македонски Телеком преку анализа на сообраќајот, блокирање на активностите коишто се сметаат за небезбедни и ве известува за спроведените активности.

Покрај SafeNet HOME, достапна е и SafeNet MOBILE услугата за поголема безбедност во пребарувањето на мобилната мрежа. И оваа услуга исто така не бара дополнителни инсталации на вашите уреди и функционира без разлика на типот на уред или оперативниот систем.

Со SafeNet HOME лесно ќе ги елиминирате потенцијалните закани коишто би можеле да ви наштетат преку интернет. Активирањето на оваа услуга е многу лесно, преку апликацијата Telekom MK којашто ќе ве води низ целиот процес со детални инструкции.

Во време кога сите сме навикнати опуштено да објавуваме практично сѐ на интернет, треба да се запрашаме дали нашиот пристап до интернет е безбеден. Заштитете ја вашата домашна мрежа со SafeNet HOME и влезете во дигиталниот свет без ризици и грижи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg