Оригинални идеи за подарок по повод Денот на вљубените

Доколку сте личност која има навика да ги одложува обврските, особина која многу припаднички на понежниот пол би ја прогласиле како карактеристично машка, големи се шансите и купувањето на подарокот за Денот на вљубените да сте го оставиле за во „5 до 12“.

originalni-idei-za-podarok-po-povod-denot-na-vljubenite-01.jpg

Во продолжение ви нудиме неколку идеи за подарок, кој, иако набавен во последен момент, ќе биде подарок со кој се искажува многу љубов, исклучително внимание и голема посветеност.

Персонализиран приврзок за клучеви

Бидејќи клучевите се предмет кој постојано го носиме со нас и секојдневно го употребуваме, персонализираниот приврзок би бил вистински избор за подарок доколку сакате да подарите нешто што ќе биде трајно, навистина лично и гест кој ќе остане долго запаметен. Постојат многу опции за персонализирање на приврзоци како гравирање на приврзоци направени од метал, со цитат по желба, важен датум, име и слично, како и приврзоци кои се прават по нарачка од материјали како пластика, епоксидна смола или дрво кои исто така може да имаат текст, фотографија или дизајн по желба. Одлична опција за девојки и жени кои уживаат во романтични гестови.

originalni-idei-za-podarok-po-povod-denot-na-vljubenite-03.jpg

Свилена навлака за перница

Спиењето на свилена навлака има многубројни позитивни ефекти врз кожата на лицето и косата. Поради мазната текстура, свилата како материјал создава помалку триење и помалку апсорбира влага и не ја „разбушавува“ косата, а воедно е многу понежна кон кожата на лицето со што ја одржува нејзината влажност и спречува појава на брчки и линии од спиењето. Дополнително, свилата е хипоалерген материјал што ја прави природно отпорна на грини, мувла и други алергени. Супер избор за сите вљубенички во негата кон себе.

originalni-idei-za-podarok-po-povod-denot-na-vljubenite-02.jpg

Безжични слушалки

Мал, но практичен и елегантен подарок, за сите жени и девојки кои се фитнес ентузијасти, оние кои имаат желба да почнат да се бават со спорт или, пак, едноставно се големи љубители на музиката. Отсуството на жици, што се присутни кај обичните слушалки, даваат поголема слобода на движење, а бидејќи може да разговарате преку нив, ви ги ослободуваат рацете да не мора да го држите мобилниот уред.

originalni-idei-za-podarok-po-povod-denot-na-vljubenite.jpg

IQOS

За сите ваши партнерки кои се возрасни пушачи, а не се откажуваат од пушењето, иновативните електронски уреди кои се научно докажана подобра алтернатива од цигарите, наречени IQOS, се подарок кој вели „се грижам за тебе и го почитувам твојот избор“. IQOS уредите го загреваат, но не го горат тутунот и притоа испуштаат аеросол кој содржи никотин, но значително помала количина штетни и потенцијално штетни материи, без непријатен мирис, без чад и пепел. IQOS уредите имаат и опција за персонализирање, со што се додава на впечатокот дека навистина сте се потрудиле. IQOS уредите се достапни на специјализираните IQOS зони во главниот град, но и за онлајн нарачка на iqos.com!

originalni-idei-za-podarok-po-povod-denot-na-vljubenite-05.jpg

Деликатесна корпа

Доколку вашата сакана е гурман, идеален подарок кој зрачи со внимание е избор од вкусни солени и слатки задоволства, како на пример чоколадни пралини во повеќе вкусови, деликатесни меки и тврди сирења, мешавина од јаткасти плодови и суво овошје, медитерански крекери, сето ова дополнето со нејзиниот омилен пијалак или сортно вино, заокружен со впечатлива декорација. Можеби ќе ви одземе повеќе време, но со сигурност воодушевувањето нема да изостане.

originalni-idei-za-podarok-po-povod-denot-na-vljubenite-06.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg