Големата моќ на малата Халк е-касичка

Живееме во време во кое со еден клик можеме да пронајдеме и купиме се што ни треба. Потребен ни е само телефон или компјутер и платежна картичка. А купувањето со платежна картичка полека, но сигурно, станува доминантен начин на плаќање и го заменува плаќањето со готовина. Но со тоа и штедењето пари станува сè потешко.

golemata-mokj-na-malata-halk-e-kasichka-02.jpg

Се прашувате дали е возможно да заштедите пари трошејќи ги? Да, возможно е, бидејќи во ова модерно време кое е предводено од технологија и иновации, секојдневно се среќаваме со нови и интересни решенија за сите наши проблеми.

Халкбанк е банка што постојано ги следи дигиталните трендови и ги усовршува своите услуги, па така го создаде и производот Е-касичка, со цел да им помогне на клиентите да штедат, дури и кога плаќаат со картичка.

Е-касичката на Халкбанк функционира на тој начин што со секое купување, односно со секоја направена трансакција при купување со вашата Mastercard Contactless, одреден износ, зголемен над износот на ПОС трансакцијата, ќе се трансферира на ваша посебна штедна сметка (наменета исклучиво за овој тип штедење).

Притоа, постојат два начини за штедење со Е-касичката на Халкбанк.

Првиот начин е да одберете опција со заокружување на износ до најблискиот цел број. На пример – доколку купувате кафе од 60 денари, вие заокружувате на 100 денари. Тоа значи дека на вашата депозитна сметка ќе се трансферираат 40 денари, односно сте купиле, сте потрошиле, а истовремено и сте заштедиле.

Вториот начин е да заокружите фиксен износ кој ќе се трансферира на вашата штедна сметка при секоја трансакција. На пример заштедувате 50 денари од секоја направена трансакција во било кој износ и тој износ се трансферира на вашата посебна штедната сметка.

Со Е-касичката на Халкбанк, секојдневниот шопинг може да стане начин на штедење.

За Халкбанк „Важни се луѓето“, а нивните потреби се приоритет. Во таа насока Халкбанк се стреми кон обезбедување на квалитетни услуги кои ќе им помогнат на луѓето во секојдневните предизвици со кои тие се среќаваат.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg