Перфектно сојузништво: TAG Heuer и Porsche ви го претставуваат првиот заеднички производ
- Детали
- петок, 05 февруари 2021
TAG Heuer и Porsche, два од најпознатите брендови во својата област, ги здружија силите и потпишаа договор за партнерство и го претставија новиот заеднички производ.
Швајцарскиот производител на часовници TAG Heuer и германскиот производител на автомобили Porsche потпишаа ново партнерство. И двете компании се основани од мотивирани и амбициозни претприемачи – Едвард Хојер и Фердинанд Порше – кои придонеле во развојот на најуникатните модели во 1960-тите од нивните области. Сега, пак, нивните патишта се вкрстуваат со ново стратегиско партнерство, од кое можеме да очекуваме бројни кобрендирани продукти.
Првиот продукт од соработката е часовникот TAG Heuer Carrera Porsche Chronograph, направен од нерѓосувачки челик.
Часовникот има црна керамичка рамка на која е изгравирано логото на Porsche, а бројчаникот има интересна структура која наликува на асфалт. Овој часовник има и уште една уникатна карактеристика – наместо часовите, на бројчаникот се претставени минутите со зaдебелени арапски броеви.
Часовникот е достапен со рачно шиено кожено ремче, или со ракавица направена од нерѓосувачки челик.
Овој производ е ветувачки почеток на уникатно и историско партнерство, кое без сомнение ќе постави нови стандарди за ваквите соработки во иднина.
https://www.youtube.com/watch?v=FO4jOPoVkI8