Сѐ што (не) знаеш за кафето – и зошто токму сега е моментот за твој нов кафе ритуал

Да, кафето е ритуал. Но пред да стане твоја омилена причина да станеш од кревет, кафето имало долга и интересна традиција додека се популаризирало насекаде низ светот.  Всушност постои една интересна легенда за тоа како е откриено кафето.

se-sto-ne-znaes-za-kafeto-i-zosto-tokmu-sega-e-momentot-za-tvoj-nov-kafe-ritual-1.jpg

Кафето потекнува од Етиопија, каде што, според легендата, козарот Калди забележал дека неговите кози стануваат енергични откако јаделе одредени црвени плодови. Ова откритие довело до првичната употреба на кафето како пијалак. Истражувањата покажуваат дека растението Coffea arabica, кое денес е одговорно за 60% од светското производство на кафе, се појавило пред повеќе од 600.000 години во шумите на Етиопија.

Денес, кафето претставува многу нешта – утринска медитација, изговор за пауза, инспирација за идеи, поттик за тешките работни денови, причина за излегување.. ѝ листата продолжува. А дали знаеш дека повеќе од 2 милијарди шолји кафе се пијат секојдневно низ светот? Или дека името „еспресо“ потекнува од италијанскиот збор "espresso", што значи „изразен“ или „притиснат“, а во контекст на кафето – „подготвено под притисок и на барање“.

Во суштина, еспресото е првата кафе техника што се подготвува во моментот – со минување на врела вода под висок притисок низ фино меленo кафе. Затоа и има таа интензивна арома и вкус. Плус, на италијански „espresso“ може да се преведе и како „забрзано“, што е супер иронија ако се сетиме дека денес еспресото често е дел од slow living ритуалите – иако се прави за 30 секунди

Но вистинската магија на кафето не е во бројките. Не е во тоа колку луѓе го пијат, туку како го пијат. Дали тоа е твојот личен момент на тишина и фокус? Утрински ритуал со некој близок? Или оној спонтан повик: „Ај на кафе?“ што ти го менува текот на целиот ден?

Затоа токму сега заедно со променливата пролет е идеално време да го редефинираш својот кафе ритуал, на начин што го комбинира задоволството со креативноста.

se-sto-ne-znaes-za-kafeto-i-zosto-tokmu-sega-e-momentot-za-tvoj-nov-kafe-ritual-2.jpg

Кафето станува уметност во IQOS бутикот во East Gate Mall и сите корисници сѐ поканети.

Овој петок (12 април) и сабота (13 април), од 12 до 15 часот, IQOS бутикот во East Gate Mall  ќе се трансформира во урбана кафе-зона. Тука ќе можеш да пробаш различни блендови на specialty кафе, да го персонализираш својот уред со engraving машината, и воедно да добиеш уникатна керамичка шолја илустрирана во живо од македонскиот артист Тиноски.
Кафе муабет, креативна енергија и твоја нова утринска шолја со приказна зад себе.

Доколку си полнолетен пушач или IQOS корисник, повели на кафе муабет во IQOS бутикот во East Gate Mall, понеси пријател/ка и дознај како може да добиеш специјализирана уметничка чаша.


А што те чека понатаму? Провери на iqos.mk.

Промо текст: mk.iqos.com

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg