Започна првата ПроКредит бизнис академија – претприемачите ја поминаа првата обука на тема „Интерно претприемништво“

Во периодот од 8 до 10 април, вкупно 90 претприемачи поделени во три групи ја започнаа својата едукација во рамки на ПроКредит бизнис академијата, едукативна програма наменета за поддршка на микро и малите бизниси во нивниот раст и развој. Ова е првпат да се организира настан од ваков вид во нашата земја, со единствена цел, поддршка на локалната бизнис заедница и создавање структуирана платформа за нефинансиска едукација и вмрежување на бизнисите.

zapochna-prvata-prokredit-biznis-akademija-pretpriemachite-ja-pominaa-prvata-obuka-na-tema-interno-pretpriemnishtvo-02.jpg

Првиот модул, посветен на темата „Интерно претприемништво“, беше реализиран под менторство на Сандра Савановиќ-Стевановиќ – партнер и директор на белградската подружница на консултантската компанија Alphabet Group, со повеќе од 25 години искуство како бизнис тренер и консултант за деловен развој и стратешко планирање. Таа зад себе има повеќе од 3.500 обучени претприемачи, 1.000 компании и импозантно меѓународно искуство од работа во повеќе од 20 земји на 4 континенти.

„Многу е важно претприемачите да развијат начин на размислување кој постојано бара повеќе можности за подобрување и иновација – не само надворешно, туку и интерно во сопствената организација. Интерното претприемништво е клучна алатка за секој бизнис што сака да расте и да се прилагодува на брзиот пазарен развој,“ истакна Сандра Савановиќ-Стевановиќ.

Ова е концепт кој станува сè поважен во современото работење и кој има за цел да поттикне претприемачки начин на размислување како и развој на иновативни идеи внатре во организацијата, не само кај сопствениците на  бизниси, туку и во интерниот тим.

Во текот на овие три дена, преку интерактивни сесии и практични примери, учесниците имаа можност детално да се запознаат со програмата на овој модул и да работат на:

  • развивање на претприемачки начин на размислување во компанијата,
  • техники за генерирање иновативни идеи за развој на бизнисот,
  • препознавање на можности за раст и решенија кои создаваат вредност за клиентите и компанијата,
  • стратегии за проценка и управување со ризици кај новите иницијативи,
  • подобрување на тимската соработка и динамика.

„Со оваа иницијатива одиме чекор понапред како финансиска институција која нуди многу повеќе од банкарски услуги. Како долгогодишни поддржувачи на храбрите претприемачи, континуирано вложуваме во знаење, развој и долгорочна одржливост на локалната бизнис заедница, бидејќи нашата мисија е да бидеме партнер кој постојано креира вредност и нови можности. Среќни сме што ПроКредит бизнис академијата е препознаена од претприемачите како корисна платформа за едукација, надградување, вмрежување и размена на искуства, каде преку иновативен пристап, интерактивни обуки и програми за развој овозможуваме поддршка во нивниот личен раст и во растот на нивните бизниси,“ истакнуваат од ПроКредит Банка. 

zapochna-prvata-prokredit-biznis-akademija-pretpriemachite-ja-pominaa-prvata-obuka-na-tema-interno-pretpriemnishtvo-01.jpg

Во периодот од април до октомври 2025 година во Управната зграда на ПроКредит Банка во Скопје ќе се одржуваат предавања со различни ментори во вкупно пет различни модули. По завршување на предавањата на учесниците ќе им бидат доделени сертификати.  

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg