Скопјани сепак солидарни - „Почасти братСКО еспресо!“

Новата иницијатива за донирање еспресо за следниот случаен гостин „Почасти БратСКО еспресо“ беше препознаена од скопјани, уште на самиот почеток. Над 300 братски еспреса беа подарени само во првиот ден во Forza, која всушност е двигател на оваа акција.

skopjani-sepak-solidarni-01.jpg

Скопјани покажаа дека солидарноста не исчезнала. Таа отсекогаш била тука.

БратСКО еспресо е субвенционирано или однапред платено еспресо, го подарувате на некој што ќе дојде по вас. Нема име. Нема ознака. Само искрен гест. И токму тоа е убавината.

Зад иницијативата стои идеја за потсетување на солидарноста, човечноста и заедништвото. БратСКО е потсетник дека си требаме и дека скопјани умеат да бидат тука еден за друг.

Секој ден, од 08:00 до 13:00 часот, во Forza и Forza Fusion, со симболични 66 денари додадени на вашата сметка, подарувате кафе. Подарувате момент. Подарувате знак дека некој мисли на некого.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg