Лидл вработува: Заменици менаџери на маркети во повеќе градови во Македонија
- Детали
- четврток, 10 април 2025
Лидл, една од најуспешните и најбрзо растечки компании во малопродажниот сектор, ја шири својата дејност и во Македонија, нудејќи одлични кариерни можности.
Како дел од групација, Лидл има над 12.200 маркети ширум светот и е присутен во 30 земји во Европа и во САД. Тимот на Лидл брои над 376.000 вработени кои се стремат на потрошувачите да им обезбедат квалитетни производи по најдобри цени.
Тимот на Лидл во Македонија е во потрага по амбициози и мотивирани Заменици менаџери на маркети од повеќе градови кои ќе станат дел од растечкиот тим во Секторот за продажба на компанијата.
Ако си подготвен/а за предизвик во динамична, интернационална и успешна работна средина каде што тимскиот дух, грижата за вработените, стабилноста, можностите за раст и развој се главни двигатели на работата, тогаш ова е вистинската шанса за тебе!