Елена Ристеска: „Јас заработував повеќе, но тоа не е причината што се разведов“
- Детали
- среда, 09 април 2025
Во новата епизода на „Нешто конкретно“ зборувавме за очекувањата – што животот ни должи, што луѓето мислат дека треба да бидеме, и како ние сами го рушиме сето тоа.
Елена Ристеска беше таа што ја отвори темата најискрено. Го допре разводот – нешто што сите ги интересираше.
„Јас заработував повеќе, но тоа не е причината што се разведов“, рече директно, без задршка.
И додаде – ако денес фати помлад дечко, уште ќе ѝ залепат етикета: „Види ја бабава!“
Но, вистината е поинаква – љубовта нема возраст, а животот не се живее според туѓи табели.
На сцената, пак, е уште посилна: „Сите очекуваа да мавтам со пензијата, а јас се појавив на Макфест и покажав дека не сум за во пензија.“
Без комплекси, без потреба да се правда. И, кога зборуваше за љубовта, низ смеа рече: „Порано гледав да е фраер. Сега барам нешто друго.“
Од друг агол на очекувањата - шминкерот Даниел Николовски кој покажа дека професионалноста е светиња: „Ако имам закажана невеста за шминкање, која ѕвезда нека биде – не ја откажувам.“
Антонија Гиговска, пак, во свој стил на правење промени и предизвикување реакции изјави: „Немам проблем да се сликам топлес!“
А Даниел шеговито ѝ го залепи прекарот „Антонија прслуче Гиговска“.
И Ване Марковски покажа како очекувањата од јавноста знаат да станат сурови: „Ми посакаа смрт затоа што застанав во заштита на куче“.
Во оваа епизода видовме дека животот е полн со очекувања што другите ги имаат за нас. Но, убавината е кога ќе избереш да бидеш свој и ќе бидеш „нешто конкретно“.
Погледнете ја новата епизода: