Препорачуваме: Little Land - новото омилено место за игра на децата и уживање за родителите
- Детали
- вторник, 08 април 2025
Во потрага по локации во Скопје, каде родителите можат да уживаат во своето „раат“ кафе, додека децата безгрижно истражуваат, играат, креираат, имавме можност да го посетиме Little Land.
Како родител, она што ми е најважно е просторот каде што го носам моето дете да биде комотен, комфорен, безбеден, добро проветрен, да не е пренатрупано и да можам буквално безгрижно да го оставам детето да ужива во тие два часа.
Овој преубав детски центар станува омилено место за сите мали авантуристи, но и за нивните родители, кои сакаат да уживаат во квалитетно поминато време и да го развиваат креативниот потенцијал на своите деца.
Little Land е лоциран во Тафталиџе. Како нов детски креативен, едукативен и забавен центар негува еден сосема поинаков концепт и нуди несекојдневна програми за децата и родителите.
Креативни тематски работилници
Тоа што ќе ве воодушеви уште кога ќе влезете во Little Land е неговата топла и инспиративна атмосфера во која се создаваат и откриваат нови магични светови. Овој детски центар особено внимание посветува на тематските работилници кои се организираат по најразлични поводи, а родителите често ги одбираат и како составен дел на роденденските забави за своите деца.
Од Little Land велат дека тематските работилници се исклучително важни затоа што им помагаат на најмалите да создаваат, иновираат, се забавуваат, ја развиваат моториката и когнитивните способности, ги усовршуваат социјалните вештини и емоционалната интелигенција.
Роденденски забави за кои ќе се зборува долго
Над 200 незаборавни родендени се организирани за само неколку месеци – со причина!
Во Little Land, родендените се нешто сосема поинакво:
- Персонализирани програми по желба
- Театарски претстави, диско-забави, LEGO и уметнички активности
- Музика, игри и атмосфера што ги радува и децата и возрасните
Сѐ е подготвено од професионален тим кој се грижи секој детаљ да биде совршен.
И за родителите – време за себе
Овој центар не заборава ни на родителите. Во Little Land, можете да се опуштите со кафе во рака додека вашето дете учествува во работилница или ужива на роденден. Безбедна, инспиративна средина – идеална за сите генерации.
Погледнете повеќе фотографии на нивниот Инстаграм профил.
Little Land - вашето омилено место каде се создаваат спомени за цел живот!