Тимска хуманост на СП: Mozzart и ракометарите собраа 905.000 денари

Македонија настапот на СП во ракомет го заврши со 181 гол, но и со титула шампион на хуманоста. Компанијата Mozzart како дел од кампањата „Повеќе од гол“, донира по 5.000 за секој погодок на македонската ракометна репрезентација, а собрани се 905.000 денари,кои ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

timska-humanost-na-sp-mozzart-i-rakometarite-sobraa-905-000-denari-01.jpg

Нашите ракометари со главниот амбасадор на оваа акција Филип Кузмановски ќе одлучат каде ќе биде упатена оваа донација. 

„Честитки за нашите ракометари, за нивната игра,борбеност,за големиот број постигнати голови и за тоа што и овојпат го оставија срцето на терен и ја покажаа силата на нашата репрезентација. Нам ни преставува вистинско задоволство што заедно со нив ја реализираме хуманитарната акција „Повеќе од гол”, преку која ќе помогнеме некаде каде е тоа потребно, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Ова беше трета акција „Повеќе од гол“ на Mozzart. На првата се постигнаа вкупно 70 гола и беа собрани 350.000 денари, на втората 221 гола и собрани 663.000 денари, додека годинава постигнати беа 181 погодоци и највисока собрана сума од 905.000 денари. Лидерот во приредување игри на среќа и натаму продолжува со реализација на вакви проекти каде хуманоста има главна улога и преку кои помош ќе стигнува на голем број адреси.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg