Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

Зимата носи многу магични моменти – снег, празници, топли пијалаци. Но, за кожата, овој период може да биде вистински кошмар.

zimski-predizvici-na-kozhata-kako-da-ja-zashtitite-kozhata-od-zagaden-vozduh-i-suv-vozduh-vo-zatvoreni-prostorii-01.jpg

Студениот воздух надвор и сувиот воздух внатре создаваат идеални услови за иритација, дехидрација и уништување на природната бариера на кожата. А кога на ова ќе се додаде и загадениот воздух во урбаните средини може да се предизвика оштетување и забрзано стареење на кожата.

Загадувањето е еден од најголемите непријатели.

Честичките од смог и други токсини навлегуваат длабоко во порите, предизвикуваат оксидативен стрес, воспаленија и предвремено стареење. Овие честички ја намалуваат способноста на кожата да се регенерира, предизвикуваат нерамномерен тен, сувост и иритации.

Од друга страна, греењето во затворените простории значително ја намалува влажноста на воздухот што доведува до дехидратација на кожата. Со изложеност на сув воздух подолго време, заштитната бариера на кожата слабее што резултира со чувство на затегнатост, црвенило и зголемена чувствителност.

Кожата не може да се брани од загадувањето ако не е правилно исчистена. Во градовите важно е да се избере благ ама ефикасен начин на чистење кој ќе ги отстрани нечистотиите без да ја наруши природната рамнотежа на кожата. Производите со состојки кои контролираат себум и смируваат воспаленија се идеални за заштита од надворешните фактори. Еден таков производ е Eucerin DermoPure Cleansing Gel што нежно ја чисти кожата и го балансира себумот, оставајќи ја кожата свежа.

zimski-predizvici-na-kozhata-kako-da-ja-zashtitite-kozhata-od-zagaden-vozduh-i-suv-vozduh-vo-zatvoreni-prostorii-02.jpg

По чистењето, кожата е подготвена да прими активни состојки кои ќе ја зајакнат и заштитат од надворешните влијанија. Во зима, најдобри сојузници се кремите кои не само што хидрираат туку и ја обновуваат заштитната бариера на кожата. Кремите со pH балансирани формули се особено корисни, бидејќи ја помагаат природната одбрана на кожата од штетните услови. 

1.Зголемете ја влажноста во просториите – така ќе се помогне во одржување на природната влажност на кожата.

2.Пијте доволно вода – дехидрацијата не доаѓа само од надвор туку и од недостаток на вода во организмот.

3.Користете креми со бариерна функција – производите со формули кои создаваат заштитен слој на кожата помагаат во задржување на влагата.

4.Избегнувајте предолго изложување на топол воздух – туширање со многу топла вода и постојано седење блиску до радијатори што може дополнително да ја исуши кожата.

zimski-predizvici-na-kozhata-kako-da-ja-zashtitite-kozhata-od-zagaden-vozduh-i-suv-vozduh-vo-zatvoreni-prostorii-03.jpg

Со правилна рутина, кожата ќе остане здрава, хидрирана и заштитена од предизвиците што ги носи зимата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg