Македонски Телеком со нов концепт на продавница и уникатен пристап кон корисниците

Македонски Телеком ги отвора вратите на својот прв продажен простор од овој вид, со целосно нов и освежен концепт за корисничко искуство, поставувајќи нови стандарди во односите со своите корисници.

makedonski-telekom-so-nov-koncept-na-prodavnica-i-unikaten-pristap-kon-korisnicite-01.JPG

Со новиот малопродажен концепт применет во продавницата во Капитол мол во Скопје, Телеком воведува отворен и пријатен амбиент без физички бариери помеѓу продажните агенти и корисниците, создавајќи простор за непосредна комуникација и консултации.

Новината кај овој пристап е префрлањето на интеракцијата со корисниците од „стоење на шалтер“ на маса за консултации, што овозможува продажните агенти да ги опслужуваат корисниците со максимална посветеност и внимание, во пријатна и опуштена атмосфера и со повеќе време за нивна едукација за актуелните трендови. Со оваа нова поставеност, секоја посета се претвора во лично искуство со фокус на индивидуалните потреби на корисниците.

makedonski-telekom-so-nov-koncept-na-prodavnica-i-unikaten-pristap-kon-korisnicite-02.JPG

„Во оваа нова дигитална ера, како водечки телекомуникациски оператор во Македонија, нашата мисија е да обезбедиме комплетна услуга и едукација за дигиталните можности. Овој нов пристап овозможува корисниците да добијат повеќе знаење за функционалностите на нашите услуги, а со тоа и извонредни дигитални искуства.” - изјави Анастас Мишковски, одговорен за продажба и технички услуги во Македонски Телеком.

makedonski-telekom-so-nov-koncept-na-prodavnica-i-unikaten-pristap-kon-korisnicite-03.JPG

Новото продажно место го карактеризира и иновативен „Look & Feel“ концепт којшто нуди зони за интеракција со најновите уреди и технологии. Во рамките на продавницата, корисниците во забавната зона можат да го искусат најновиот Sony PlayStation, да ја почувствуваат функционалноста на Магента ТВ во зоната Home TV и да се запознаат со различни паметни уреди за домот. Исто така, во насока на стратегијата за одржливост на компанијата, концептот вклучува и „еко-шоп“ каде што се имплементирани паметни решенија коишто имаат мала потрошувачка, како и катче за одложување електронски отпад и зелена површина со растенија коишто го прочистуваат воздухот.

makedonski-telekom-so-nov-koncept-na-prodavnica-i-unikaten-pristap-kon-korisnicite-04.JPG

Новата поставеност ги охрабрува корисниците уште во продавницата да ги споделат своите впечатоци преку интерактивниот „Ѕид за фидбек“, овозможувајќи директен увид во нивните мислења и коментари во реално време.

Македонски Телеком продолжува да гради извонредни кориснички искуства со воведување иновативни решенија и услуги и носејќи позитивни промени во начинот на интеракција со своите корисници.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg