„Одиме нагоре“ со ПроКредит Банка - Стартап пакет со 2 години бесплатни банкарски услуги за новоосновани компании
- Детали
- понеделник, 11 ноември 2024
Со Стартап пакетот на ПроКредит Банка новоотворените бизниси отсега имаат дополнителна поддршка што ќе им овозможи сеопфатно решение за да напредуваат и да го градат својот бизнис на следно ниво. Пакетот содржи сет финансиски и нефинансиски услуги кои го прават вистински избор за сите нови претприемачи.
Уникатниот бенефит на стартап пакетот е 2 години бесплатно одржување на сметка и неограничени бесплатни трансакции во земјата. Пакетот вклучува целосно дигитален пристап до сите банкарски услуги, со што дава можност за брзо и ефикасно работење секаде и во секое време.
Препознавајќи ги потребите на новите претприемачи, клучна компонента на Стартап пакетот е персонализираната поддршка од финансиските советници во банката, кои ги анализираат потребите на секој нов бизнис и обезбедуваат приспособени решенија, вклучувајќи управување со готовинскиот тек и насоки за финансиската стратегија.
Дополнителна предност се автоматизираните приливи од странство кои во рамки на стартап пакетот банката ги обезбедува со 0 денари провизија за спуштање на прилив од странство. Покрај бенефит за приливи, новите бизниси ќе имаат можност да заштедат и со најниски и фиксни провизии за промет со странство.
За новите компании коишто имаат потреба од инвестиции во нивниот бизнис и се подготвени да одат на следното ниво, банката нуди и можност за кредитирање по 12 месеци активност на компанијата.
„За нас, стартап не секогаш подразбира нова, неоткриена идеја. Стартап е секоја нова компанија која има храброст и визија како да излезе и да успее на пазарот, а ние таа храброст ја цениме и сакаме да ја поддржиме на секој начин што е во наш домен.
Оттаму е и идејата за 2 години бесплатно банкарство, но и целосна поддршка со финансиски советник кој ќе биде покрај клиентите низ целиот процес на раст и стабилизирање на бизнисот.
Целта на Стартап пакетот е новите бизниси да се уверат дека ПроКредит не е само финансиска институција, туку нивен партнер во растот и успехот, зајакнувајќи ја нивната витална улога во локалната економија“ - изјави Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка.
Како дополнување на финансиските услуги, банката оди чекор напред и овозможува пристап до едукативни настани за градење вештини за ефективно водење на бизнисот, како и B2B вмрежување со потенцијални соработници кои се дел од портфолиото на банката.
Во таа насока, новина што ја нуди стартап пакетот е и 3 месеци бесплатна претплата на платформата за бизнис планирање Моделикс, алатка која овозможува изработка на професионален бизнис и финансиски план, следење на резултатите од работењето во споредба со планот и носење правилни и навремени одлуки.
Сите детали за Стартап пакетот се достапни на следниот линк.