Влегол да купува во Jumbo и одбива да ја напушти продавницата (фото)

Еден купувач во Jumbo деновиве ги остава во неверување останатите купувачи во продавницата. Млад човек пред неколку дена влегол во Jumbo со намера да пазарува, но оттогаш не излегол и одбива да ја напушти продавницата.

vlegol-da-kupuva-vo-jumbo-i-odbiva-da-ja-napushti-prodavnicata-foto-01.jpg

На големо изненадување на вработените и на другите купувачи, тој во продавницата ги извршува секојдневните активности, се релаксира и максимално ужива во амбиентот.

Нашата екипа отиде во Jumbo за лично да се увериме во точноста на информацијата. Внатре го затекнавме купувачот што не сака да си оди, кој изгледаше многу среќен што е таму и уживаше во опкружувањето. Не сакаше да го прекинуваме во уживањето и ги игнорираше нашите барања за изјава додека полека ѝ се препушташе на пладневната дремка.

Ги контактиравме вработените во Jumbo за да ни ја објаснат ситуацијата и што планираат да преземат за да го натераат купувачот да си оди.

- Овој купувач дојде во Jumbo пред речиси една недела и побара од нас да му покажеме производи за лето. Но, се задржа разгледувајќи ги еден по еден и беше неверојатно среќен заради големиот избор производи. Кога дојде време за затворање, љубезно го известивме дека продавницата ќе се затвори и мора да си замине, но тој го игнорираше нашето барање. Моравме да ја затвориме продавницата, а тој остана внатре. Следниот ден повторно беше тука, исто и денот по него и така веќе неколку денови. Тој упорно одбива да си замине, но нам нѐ ни пречи бидејќи сакаме сите наши купувачи да се чувствуваат како дома – ни изјавија вработените во Jumbo.

Нашата екипа и во следниот период ќе продолжи да ја следи ситуацијата со купувачот што не сака да си оди од Jumbo.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg