Отворен новиот изложбен салон на Алумил во Скопје

2.6.2023 г. - „Алумил“, една од најсовремените компании за производство на алуминиумски системи, вчеравечер свечено го отвори новиот изложбен салон во Скопје. Голем број гости, претставници на бизнис-елитата, клиенти и соработници имаа можност во релаксирана атмосфера да се запознаат одблизу со изложените примероци на алуминиумски системи од богатото портфолио на компанијата.

otvoren-noviot-izlozhben-salon-na-alumil-vo-skopje-01.jpg

Овој простор ќе овозможи додадена вредност за потрошувачите кои ќе имаат можност на самото место да ги видат најбараните алуминиумски системи за врати, прозорци, фасади, outdoor конструкции, решенија за обновливи извори на енергија или за лица со посебни потреби. Исто така, ќе можат да ја проверат нивната функционалност и притоа да добијат стручна поддршка и помош при изборот од специјализирани консултанти, едуцирани да одговорат на сите прашања со кои може да се сретне еден потрошувач.

otvoren-noviot-izlozhben-salon-na-alumil-vo-skopje-02.jpg

- Светот брзо се менува и нови барања добиваме секојдневно. Модерните згради наложуваат проектирање и изградба на напредни системи со високи стандарди. Фокусирајќи се секогаш на спецификациите и потребите на најнапредните светски пазари, „Алумил“ создаде асортиман кој вклучува иновативни производи и совршено одговара на модерните потреби на градежништвото. Потребите на нашите купувачи се многу широки, а такво е и нашето портфолио.

Секој од нашите производи е дизајниран имајќи предвид една цел: да понуди најдобро можно решение и да ја зголеми вредноста за нашите клиенти. Таа вредност ја зголемуваме и со отворањето на новиот изложбен салон, затоа што сега нашите клиенти ќе имаат можност не само одблизу да ги видат нашите најбарани системи туку и на самото место со помош на едуциран персонал да се запознаат со сите нивни предности – рече Зоран Срчоков, генерален директор на „Алумил“ за Македонија.

otvoren-noviot-izlozhben-salon-na-alumil-vo-skopje-03.jpg

Меѓу присутните на отворањето присуствуваше и корпоративниот директор за продажба на „Алумил интернешнал“ Александар Милонас, кој воедно е и член на семејството сопственици Милонас. Присутна беше и грчката амбасадорка во земјава Софија Филипиду.

Новиот изложбен салон, кој се наоѓа во склоп на компанијата, во индустриската зона Кисела Вода, на бул. Борис Трајковски 74А, се простира на 250 квадратни метри. Содржи и отворен дел каде што се изложени outdoor-системите.

otvoren-noviot-izlozhben-salon-na-alumil-vo-skopje-04.jpg

Компанијата, која има повеќе од 30-годишно искуство во дизајн на висококвалитетни алуминиумски производи, важи за еден од најдоверливите брендови за изработка на рамки за прозори и врати. Со над 2.700 вработени и 12 фабрики во шест земји во Европа, „Алумил“ може да се пофали со модерни производствени погони и процеси за строга контрола на квалитетот, како и со континуирани истражувања за развој на уникатни иновативни решенија, кои ги покриваат потребите на нивните клиенти, дури и на оние со најспецифични и несекојдневни барања.

- Го сакаме она што го работиме и затоа сакаме да бидеме извонредни во сите аспекти. Во непрекинатиот развој на глобално опкружување важно е секогаш да бидеме свесни кои сме, што правиме и што сакаме да постигнеме. Нашето мото е „Градиме совршенство секој ден“ и настојуваме секојдневно да направиме еден чекор поблиску до тоа – рече Срчоков.

otvoren-noviot-izlozhben-salon-na-alumil-vo-skopje-05.jpg

Следејќи го ова мото, „Алумил“, преку своите иновативни производи ја остварува својата мисија – да го подобрува квалитетот на животот на луѓето на одржлив начин, унапредувајќи ги перформансите на просторот во кој тие престојуваат со врвен квалитет, технологија и естетика. Истовремено, компанијата цврсто се држи за принципот одржливост, па така системите дизајнирани според најновите архитектонски трендови истовремено се и енергетски ефикасни, со напредна топлинска изолација и опции за заштита од сонце, како и високо ниво на безбедност од обивање, вандализам, пожари, чад, земјотреси и екстремни временски услови. Во „Алумил“ совршенството, навистина, се гради секој ден.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg