10 работи кои за нас се секојдневие, а за астронаутите во вселената се вистински предизвик
Бричење
Во Станицата постои опасност влакненцата од брадата да се разлетаат насекаде и да влезат во вентилите и опремата, па астронаутите мораат да бидат особено внимателни.
Тие имаат посебен крем за бричење од кој нанесуваат многу малку, а бидејќи немаат мијалник, бричот го бришат од крпа која ги собира сите влакненца. На крај, го бришат лицето со крпа.
Сечење нокти
Астронаутите ги сечат ноктите исто како и на Земјата, само секојпат го прават тоа до вентил кој го собира воздухот. Вентилот ги „држи“ ноктите во место, а потоа само ги собираат со посебна правосмукалка.
Плачење
Астронаутите мораат да се снајдат и ако им се плаче. Веќе напоменавме дека водата се однесува поразлично во микрогравитација, па ни солзите на астронаутите не течат.
Наместо тоа, солзите формираат меури околу очите што можат да бидат проблематични, па астронаутите мораат веднаш да ги избришат со крпа.
Пиење кафе
За пиење кафе, астронаутите користат чаша со специјална форма која, на некој начин, го контролира движењето на течноста и не дозволува да се „разлета“ низ кабината.
Туширање
Туширањето е слично како миењето раце – астронаутите користат посебни средства за миење кои не треба да се плакнат, а потоа се бришат со крпа. На ист начин ја мијат и косата.
https://www.youtube.com/watch?v=7zhdanccUvs
Спирова С. | Црнобело