9 фотографии што направија револуција во астрономијата

Фотографија од Хабл

Телескопот Хабл е еден од најголемите во светот и направи вистинска револуција во астрономијата.

Во 19995-та астрономите го насочија телескопот кон навидум празен дел од небото и набрзо сфатија дека тој простор не е воопшто празен. Имено, на фотографијата тие забележаа речиси 3.000 галаксии, кои се премногу бледи за да се забележат на друг начин.

Фотографијата позната ако The Hubble Deep Field опфаќа многу мал дел од небото – околу 1/30 од големината на Месечината – па ова докажува колку е всушност голем нашиот универзум.

9-fotografii-shto-napravija-revolucija-vo-astronomijata-06.jpg

Судир на галаксии

Темната материја е хипотетичка честичка која нема интеракција со светлината, но сепак се верува дека го сочинува поголемиот дел од материјата во универзумот. Уште се дебатира дали темната материја навистина постои, но фотографија од 2006-та веројатно го докажа ова.

На фотографијата се гледаат две галаксии кои се судираат, а движењето на гасот, прашината и ѕвездите при овој настан покажува дека во вселената има нешто невидливо, што можеби е темната материја.

9-fotografii-shto-napravija-revolucija-vo-astronomijata-07.jpg

Фотографија од црна дупка

Колку и да звучи невозможно, астрономите направија и фотографија од црна дупка.

Црните дупки не зрачат никаква светлина, но гасот што „паѓа“ во нив емитува светлина. Според Ајнштајновата теорија за релативност, црната дупка би требало да направи „сенка“ или „силуета“ сред овој гас, која може да се фотографира.

За да ја направат оваа фотографија, научниците синхронизираа осум телескопи кои работеа како еден, и после мачна обработка на податоците од нив, ја добија оваа фотографија.

Црната дупка се наоѓа во галаксијата М87, на околу 55 милиони светлосни години од Земјата.

9-fotografii-shto-napravija-revolucija-vo-astronomijata-08.jpg

Космичка микробранова позадина

Околу 380.000 години после Големиот прскот, температурата и густината на универзумот се намалиле и првите фотони почнале да се движат низ вселената. Како што се проширувал универзумот, енергијата на овие фотони се намалувала и сега оваа светлина, или ова зрачење е познато како космичка микробранова позадина, или CBM. Бидејќи универзумот е огроммен, а брзината на светлината константна, знаеме дека оваа светлина потекнува уште од првите денови на универзумот и, на некој начин, е најстариот сигнал што можеме да го детектираме.

CMB била откриена во 1965-та, но првпат е истражувана во 1989-та, со помош на сателит кој направил детални мерења, па дури и нејзина панорамска мапа. Денес се направени подетални мапи, но оваа, првата, го поплочи патот за нив.

9-fotografii-shto-napravija-revolucija-vo-astronomijata-09.jpg

Соларна еклипса од 1919

Ајнштајн бил сигурен дека гравитацијата може да ја искриви светлината, но ретко кој му верувал.

Според неговата идеја, просторот е како трамбулина – ако на неа ставите тежок предмет, како Сонцето, просторот ќе се искриви. Другите предмети околу него, како Земјата, орбитираат бидејќи ја следат природната искривеност на простор.

Идејата звучи како научна фантастика, но Ајнштајн успеал да ја докаже. Во мај 1919-та, три години по објавувањето на Општата теорија за релативност, имало целосна соларна еклипса. Следејќи ги инструкциите на Ајнштајн, астрономот Артур Едингтон ја фотографирал еклипсата и ја означил положбата не ѕвездите зад неа. Но, ѕвездите не биле таму кај што треба, а ова значи само едно – светлината што ја емитуваат била искривена.

9-fotografii-shto-napravija-revolucija-vo-astronomijata-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg