9 фотографии што направија револуција во астрономијата

Не знаеме речиси ништо за нашиот универзум, најмногу бидејќи човекот не отишол подалеку од Месечината. Сè уште ја немаме потребната технологија за да се оддалечиме од нашата планета, па токму поради тоа, телескопите се една од најважните алатки на астрономите.

9-fotografii-shto-napravija-revolucija-vo-astronomijata-01.jpg

Кога, пак, се појавија камерите, астрономијата доживеа вистински бум – вселенските фотографии им овозможуваат на научниците да ги проучуваат небесните тела кои се надвор од нашиот дофат, и со тоа да откријат многу за универзумот.

Во продолжение, пак, можете да ги погледнете фотографиите што направија револуција во астрономијата:

Раѓањето на сончев систем

Пред оваа фотографија, научниците користеа математички модели и компјутерски симулации за да го проучуваат создавањето на сончевите системи. Во 2014-та астрономите конечно успеаја да го фотографираат овој настан.

Жолтата точка во центарот на фотографијата е новородена ѕвезда, позната како HL Tauri. На дискот околу неа можете да забележите и линии, кои ќе бидат орбита на планетите кои допрва ќе настанат. Овој сончев систем е стар најмногу милион години, а поради оваа фотографија, астрономите веруваат дека планетите се формираат речиси веднаш по раѓањето на нивната ѕвезда.

9-fotografii-shto-napravija-revolucija-vo-astronomijata-02.jpg

Супернова 1987А

Кога умираат масивните ѕвезди, тие експлодираат, а оваа експлозија е позната како супернова и може да се види на растојание од милиони светлосни години. До 1987-ма астрономите немаа забележано супернова што е поблиску од ова, па поради тоа не можеа ни да ги истражуваат.

Оваа фотографија е направена во 1987-ма и на неа се гледа светлината од експлозијата на син џин, во галаксијата Голем Магеланов Облак, која е на само 166.000 светлосни години од нас.

Суперновата позната како SN 1987A е толку блиску до Земјата, што им нуди можност на научниците да ја истражуваат експлозијата како никогаш претходно.

9-fotografii-shto-napravija-revolucija-vo-astronomijata-03.jpg

Пукнатини на Европа

Европа е една од месечните на Јупитер, а подолу е првата фотографија од неа со висока резолуција. Фотографијата е направена во 1979-та, кога леталото Voyager 2 прелета покрај неа.

Научниците знаеја дека на Европа има многу вода, но бидејќи е оддалечена од Сонцето, веруваа дека целата вода е замрзната. Благодарение на оваа фотографија, тие ги забележаа пукнатините во мразот кои покажуваат дека под него најверојатно се кријат цели океани кои не се замрзнати.

9-fotografii-shto-napravija-revolucija-vo-astronomijata-04.jpg

Ѕвезди орбитираат супермасивна црна дупка

Долго време научниците само претпоставуваа дека постојат супермасивни црни дупки и немаа фотографски доказ за тоа. Во 2002-ра, оваа фотографија го потврди нивното постоење.

Најпрво, астрономите забележале дека една ѕвезда орбитира околу празен простор. Единственото објаснување за ова е дека орбитира околу црна дупка. Со помош на фотографиите, тие успеаја да го разгледаат и гравитационо поле на црната дупка позната како Sagittarius A*, и најверојатно ја потврдија теоријата дека во центарот на секоја галаксија се наоѓа супермасивна црна дупка.

9-fotografii-shto-napravija-revolucija-vo-astronomijata-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg