Како миењето садови, диплењето облека и чистењето по дома ви го продолжуваат животот?

Се сеќавате ли како кога бевте мали, родителите ви велеа да направите пауза или да се раздвижите со чистење соба или миење садови?

kako-mienjeto-sadovi-diplenjeto-obleka-i-chistenjeto-po-doma-vi-go-prodolzhuva-zhivotot-01.jpg

Секако, тогаш им се смеевте и си викавте дека тоа е само за да ве натераат да помогнете низ дома (што е делумно точно), но точно е и дека тоа навистина важи за физичка активност.

Иако на сите им е смачено од домашните обврски, сепак тие се задолжителни, а одличен мотив за да ги правите без мака е фактот што тоа ви го продолжува животот.

kako-mienjeto-sadovi-diplenjeto-obleka-i-chistenjeto-po-doma-vi-go-prodolzhuva-zhivotot-07.jpg

На сите ни е јасно дека физичката активност и спортувањето се важни за здравјето и долгиот живот, но според најновите истражувања, дури и домашните обврски и активностите како диплење облека и бришење под, може да ви го продолжат животот.

Звучи чудно и неверојатно, зарем не?

Истражувањето кое го потврдува ова, вклучувало 6.000 учесници, сите од нив биле жени, на возраст од 63 до 99 години.

kako-mienjeto-sadovi-diplenjeto-obleka-i-chistenjeto-po-doma-vi-go-prodolzhuva-zhivotot-02.jpg

За време на истото биле собирани информации три недели за нивните секојдневни физички активности, а докторите го надгледувале нивното здравје 3 години.

Резултатите го покажале токму она во кое досега не верувавте, но време е да почнете, бидејќи така водењето домаќинство ќе ви стане полесно, знаејќи дека има здравствен бенефит.

Жените кои трошеле по 30 минути на лесни активности како диплење, имале 12% помал ризик од смрт, за разлика од оние кои не правеле ништо. 

Процентот бил уште помал кај оние учеснички кои секојдневно си ги извршувале потешките обврски по минимум 30 минути, па ако сте вистинска домаќинка – нема зошто да се грижите.

kako-mienjeto-sadovi-diplenjeto-obleka-i-chistenjeto-po-doma-vi-go-prodolzhuva-zhivotot-03.jpg

Резултатите биле слични за жени на секоја возраст, без разлика од културата и тежината.

Па, иако сето ова можеби звучи чудно и нереално, нема причина да не им веруваме барем малку на истражувањата и да ги гледаме домашните обврски од поинаков агол.

kako-mienjeto-sadovi-diplenjeto-obleka-i-chistenjeto-po-doma-vi-go-prodolzhuva-zhivotot-05.jpg

Покрај ова, постојат уште многу други истражувања кои докажуваат дека миењето садови ослободува од стрес, а е тесно поврзано и со животниот век.

Докажано е дека луѓето кои додека мијат садови се фокусираат на процесот (го мирисаат сјајот, ја чувствуваат температурата на водата), имаат поголема инспирација и ја намалуваат анксиозноста.

kako-mienjeto-sadovi-diplenjeto-obleka-i-chistenjeto-po-doma-vi-go-prodolzhuva-zhivotot-04.jpg

Па затоа, фатете се за работа и претворете ги домаќинските задачи во позитивно искуство (а искористете го ова и како мотив за партнерот).

На тој начин, секогаш ќе ни биде средено, нема да се жалиме за обврските и ќе придонесуваме за доброто на здравјето и животниот век.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg