Како да се заштитите во случај на нуклеарна експлозија?

Владата на САД објави листа со инструкции во случај на ваков катастрофален настан. Информација плус не штети во животот, зарем не?

kako-da-se-zashtitite-vo-sluchaj-na-nuklerana-eksplozija-01.jpg

Можноста за нуклеарна војна е нешто што го плаши човештвото со години. Моментално Северна Кореја игра на оваа карта.

Иако, за среќа, вакви закани нема кон Македонија, сепак добро е да знаеме како да се однесуваме ако преживееме во случај на ваков катастрофален настан.

Официјален документ од САД на граѓаните им советува како да се однесуваат ако нивниот регион е погоден од нуклеарна експлозија, нормално со надеж дека тие упатства никогаш да не им бидат потребни.

Во ваква ситуација ќе бидат изгубени животи, ќе бидат повредени луѓе, а ќе бидат уништени и домови и бизниси.

kako-da-se-zashtitite-vo-sluchaj-na-nuklerana-eksplozija-06.jpg

Дел од советите:

- Пред сè слушајте ги инструкциите што во тие мигови ќе бидат дадени од владата и помагајте им на сите загрозени околу вас.

- Ако сте на отворено покријте ја вашата уста и нос и не допирајте објекти кои биле изложени. Најдобро е да влезете во некоја затворена просторија и да останете таму.

kako-da-se-zashtitite-vo-sluchaj-na-nuklerana-eksplozija-02.jpg

- Шансите дека воздухот ќе биде безбеден за дишење по нуклеарна експлозија е речиси еднаква на нула. Ќе има радиоактивен чад и во вашиот дом мора да ги затворите прозорците и да не го пуштате клима уредот. Користете гас маска.

- Доколку сте во автомобил затворете ги прозорците и исклучете ја вентилацијата.

kako-da-se-zashtitite-vo-sluchaj-na-nuklerana-eksplozija-03.jpg

- Отстранете ги радиоактивните материјали што можеби се залепиле за вашата облека, коса и кожа. Истуширајте се или барем користете влажни крпи, издувајте го носот, избришете ги трепките, веѓите, косата, ушите и облечете чиста облека.

- Не користете зеленчук од вашата градина, бидејќи може да е контаминиран. Исто така, можно е да треба да преземете одредени мерки за радиоактивните материјали да не дојдат во допир со вашите резерви на храна.

kako-da-se-zashtitite-vo-sluchaj-na-nuklerana-eksplozija-04.jpg

- Доколку чувате животни внимавајте и тие да не консумираат контаминирана храна и вода.

- Можеби ќе треба да го промените изворот на водата што ја консумирате и најверојатно ќе ви биде понудена алтернатива од одговорните, односно снабдување со шишиња вода.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg