Паѓање нокти, заматен вид: 9 работи што му се случуваат на вашето тело во вселената
Ризикувате да ги изгубите ноктите
Масивните ракавици од костимот го попречуваат нормалниот тек на крвта во прстите. Најчесто тоа води до лупење на ноктите, но се случува и тие сосема да отпаднат поради постојаниот притисок врз нив.
Затоа некои астронаути намерно ги отстрануваат ноктите пред да одлетаат.
Ќе бидете неколку сантиметри повисоки
Кога сте во вселената, вашиот раст ќе се зголеми за 3-5 сантиметри. Ова се должи на фактот дека поради микрогравитацијата, многу низок притисок делува на 'рбетот.
Од ова тој почнува да се растегнува, а вие станувате повисоки. По враќањето на Земјата, сè ќе се врати на место.
Без вселенски костим во вселената сигурно ќе умрете
Поради недостиг од притисок во вселената по само 10 секунди сите телесни течности ќе започнат да вријат и испаруваат, а по 15 секунди целиот кислород ќе биде целосно консумиран во циркулаторниот систем.
Човек не може да живее во такви околности подолго од 2 минути.
Вашето тело ќе прими голема доза на радијација
Дозволена годишна доза на радијација за вработен во нуклеарна централа изнесува 20 милисиверти - 20 пати повеќе од обичниот човек.
За споредба, астронаут, кој е една година во вселената, добива 200 милисиверти радијација. За 5 години во вселената, едно лице добива доза на зрачење речиси еднаква со онаа која обично се добива во текот на целиот живот. Сето ова носи зголемен ризик од оштетување на нервниот систем, нарушувања во когнитивните и моторните функции и негативни промени во однесувањето.
С. С. | Црнобело