Кинескиот ѕид се гледа од вселената: „Факти“ кои погрешно ни ги кажаа на училиште

Кога се обидувате да го пренесете вашето знаеше на дузина ученици, полесно е да ги раскажувате работите поедоставно.

kineskiot-dzid-se-gleda-od-vselenata-fakti-koi-pogreshno-ni-gi-kazaa-na-ucilishte-001_copy.jpg

Но, поедноставеното учење на никого не му користи, бидејќи понекогаш учиме погрешни работи.

Како:

1. Камелеоните менуваат боја кога се камуфлираат

Во поп културата, камелеоните се замислуваат како гуштери кои ја менуваат бојата на кожата според околината, па заради тоа и се употребуваат како метафора.

Но, способноста да менуваат боја ја користат само за да одржуваат одредена температура и за да комуницираат, не за да се кријат од грабливци.

fakti-koi-pogreshno-gi-naucivme-na-ucilishte-1.png

2. Кристофер Колумбо ја открил Америка

Во истражување од 2005-та година дури 85% од Американците верувале дека Колумбо ја открил Америка, а само 2% го знаеле точниот одговор.

Инаку, првиот Европеец кој стапнал на овој континент бил викингот Лејф Ериксон кој пристигнал на денешното копно на Њуфаундленд, Канада околу 1000-та година од н.е..

Колумбо е историски значаен, бидејќи кога пристигнал во 1492-та година, со себе донел болести кои убиле масивни делови од популацијата на староседелците.

fakti-koi-pogreshno-gi-naucivme-na-ucilishte-2.png

3. Можете да вкусите одредени вкусови со одредени делови од телото

Mитот дека јазикот има мапа каде различни делови од јазикот се чувствителни на различни вкусови е погрешен. Јазикот има рецептори за вкус насекаде и тие детектираат секакви вкусови.

fakti-koi-pogreshno-gi-naucivme-na-ucilishte-3.png

4. Исак Њутн ја открил гравитацијата кога јаболко му паднало на глава

Легендата за јаболкото не е вистината, но како многу други урбани легенди е извитоперена верзија на нешто што се случило. Јаболкото не паднало на неговата глава, но започнал да ја гради својата теорија откако видел јаболко како паѓа од дрво.

Самиот настан е опишан во мемоарот на Њутн:

Отидовме во градината, јас пиев чај под јаболкници кога ми текна - зошто кога ќе се одвои плодот од дрвото паѓа надолу, а не оди нагорe или настрана?

fakti-koi-pogreshno-gi-naucivme-na-ucilishte-4.png

5. Алберт Ајнштајн не знаел математика и бил лош ученик

Ова е привлечна идеја за младите деца, дека може да бидете лоши на училиште, но да „расцветате“ кога ќе пораснете.

Тоа е точно, постојат многу примери за луѓе кои подоцна во животот успеале, но тоа не важи за Ајнштајн. Тој бил одличен ученик.

А, митот постои затоа што не бил одбран според тестирањето за да влезе во политехничкото училиште во Цирих. Положил математика, но паднал на јазик (бидејќи не знаел француски), ботаника и зоологија.

fakti-koi-pogreshno-gi-naucivme-na-ucilishte-5.jpg

6. Дијамантите се направени од јаглерод под притисок

Дијамантите се формираат од јаглерод под површината на Земјата, а јаглеродот од кој се формираат дијамантите е многу чист и бара многу жештина и притисок.

fakti-koi-pogreshno-gi-naucivme-na-ucilishte-6.jpg

7. Според сите закони за авијација, пчелите не треба да летаат

Митот вели дека крилјата на пчелите се многу мали, а имаат преголемо тело, но има разлика меѓу математички модели и реалниот живот. Пчелите летаат на тој начин што брзо замавнуваат со крилјата за ефикасно да ја носат целата своја тежина.

fakti-koi-pogreshno-gi-naucivme-na-ucilishte-7.png

8. Плутон повеќе не е планета

Интернационалната астрономска унија оригинално го прогласи Плутон за 9-тата планета која орбитира околу сонцето. Во 2005, беше откриен Ерис кој е дури 27% поголем од Плутон. Тогаш Плутон беше прогласен за џуџе планета.

fakti-koi-pogreshno-gi-naucivme-na-ucilishte-8.png

9. Кинескиот ѕид е единствената работа направена од човек која може да се види од вселената

Но, дури и Алан Бин кој леташе со Аполо 12 откри дека ниту еден човечки објект не е видлив од таа далечина.

Само под одредени агли и во одредени услови, астрономите можат понекогаш да ги забележат пирамидите во Гиза и одредени поголеми мостови.

fakti-koi-pogreshno-gi-naucivme-na-ucilishte-9.png

10. Капките дожд се како солзи

Всушност географскиот истражувачки институт во Америка вели дека повеќе личат на хамбургер отколку на солза.

fakti-koi-pogreshno-gi-naucivme-na-ucilishte-10.png

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg