Песната која за 8 минути ќе ве успие (видео)
Не треба да бидете научник или експерт за да знаете дека музиката може многу да влијае на вашето расположение.
Па така, како што има песни што знаат веднаш да ни го кренат расположението и сите да почнат да танцуваат и пеат, така постојат и песни кои го прават спротивното.
Научниците откриле песна која докажано го намалува стресот и ви помага да заспиете многу побрзо од било која друга музика.
Песната "Weightless" од Marconi Union очигледно е изработена со посебна хармонија, мелодија и ритам кои предизвикуваат релаксирачки и смирувачки чувства.
Според едно истражување направено на 40 жени, оваа песна се покажала како 11% посмирувачка од било која друга песна, а успеала и да им го намали стресот за 65%.
Затоа, ако некогаш сакате да се релаксирате и смирите или ако имате проблем со несоница, пуштете ја "Weightless" и проверете дали навистина има таков ефект и кај вас.
М. М. | Црнобело