Што кажува вашиот Инстаграм профил за менталното здравје?
Нештата кои ги објавувате на социјалните мрежи и начинот на кој го правите тоа, зборува многу за вас како личност.
Со објавување на постовите за љубовните врски или ниската самодоверба, или објавувајќи ги постојаните постови за поминатите часови во теретана и нарцисоидноста, психолозите можат точно да кажат каква личност сте.
Истражувачите од Харвард и Универзитетот во Вермонт го анализирале начинот на кој луѓето ги филтрираат Инстаграм фотографиите и создале интересни врски помеѓу различни палети на бои и ментални здравствени проблеми.
Тие откриле дека луѓето кои објавуваат фотографии во сина, сива или темни нијанси, најчесто страдаат од некоја форма на депресија (Inkwell филтер).
Иако психолошките истражувања врз основа на Инстаграм може да изгледаат премногу тривијални, ова всушност покажа дека Инстаграм може да послужи како алатка за дијагноза на менталното здравје.
Научниците во ова првично истражување побарале од 166 учесници да пополнат стандардизиран формулар за клиничко испитување на депресија, за да покажат дека социјалните мрежи ја поддржуваат нивната теорија.
Потоа, тие испитале 43.950 Инстаграм фотографии од сите 166 учесници при што откриле дека тие со депресија или слична таква психолошка состојба објавуваат потемни, попригушени фотографии на социјалните медиуми.
Кога ќе го земете предвид фактот дека уметничките дела, вклучувајќи ги и фотографиите, долго време се сметале за израз на душевната состојба, резултатите од ова истражување не треба воопшто да нè изненадат.
Сè додека ова истражување дополнително не се потврди и не се појават нови потврдувања, изборот за малку потемен филтер за вашата нова фотка на Инстаграм, можеби и не мора да значи дека имате некаква форма на депресија, туку само е во прашање естетското гледање на нештата и вашите лични преференции.
М. С. | Црнобело