Како да живеете подолго?!

kako-da-ziveete-podolgo-povekje„Доброто стареење не е само работа на гените или судбината. Квалитетот на стареењето диктира колку ќе живеете и колку заради тоа ќе...

 

...бидете среќни“, велат истражувачите.

Исто така, истражувањата покажуваат колку бракот е важен – барем за мажите.

Кај жените ситуацијата е малку посложена, зашто некои резултати покажуваат дека стресот и напорот во животот со мажот на жените можат да им одземат 1,4 години од животот.

Статусот на победник во просек донесува 1,8 години живот, зашто толку kako-da-ziveete-podolgoнобеловците подолго живеат од номинираните кандидати кои не ја добиле наградата.

И „оскарот“ го продолжува животот, тврдат научниците од универзитетот во Торонто кои ги следеле сите актери кои се добитници на ова признание. Оскаровците живеат во просек четири години подолго, а двојните оскаровци шест години. Според една теорија, високиот статус во општеството има позитивен ефект.

Црното чоколадо додава две години живот бидејќи е добро за срцето. Истражувањето спроведено кај дипломците на Харвард потврди дека оние кои јаделе една до три коцки имаат 37% помал ризик од прерана смрт од оние кои не уживаат во ова задоволство.

Неколку студии покажаа дека сексот е добар за здравјето и долговечноста. Едно истражување на Универзитетот Калифорнија покажа дека е „заслужен“ за најмалку две години подолг живот, а друго истражување, спроведено во Бристол, покажа дека мажите кои имаат повеќе оргазми живеат подолго.

Редовното одење во црква е добро за здравјето речиси исто колку и трчањето. Неделното одење на служба додава две или три години, а физичките активности три до пет години. Сличен ефект има и дружењето. Истражувањето на Харвард покажа дека мажите и жените кои помалку одат во црква, помалку патуваат и помалку се дружат имаат 20% поголеми шанси да умрат порано од оние кои тоа го прават редовно.

Исхраната во која има месо на чинијата помалку од еднаш неделно додава 3,6 години живот. Причината можеби е помалото количество внесени заситени масти, а поголемото количество овошје и зеленчук.

Умереното и високо ниво на активности може да го продолжи животот за 1,3 до 3,7 години. Редовната консумација на мали количини вино на мажот му додаваат четири години живот. Истражувањата покажаа дека тоа е добро за срцето и дека може да го спречи создавање крвни грутки и да го подобри холестеролот.

Жените со високо образование можат да очекуваат дека ќе живеат пет години подолго од нивните помалку образовани врснички, а мажите со факултетска диплома 7,8 години подолго, иако во едно друго истражување се покажа дека станува збор за две до три години.

Добрата исхрана задолжително вклучува црно чоколадо, овошје, зеленчук, кромид и риба четири пати неделно.
Намалувањето на килограмите донесува седум години. На Оксфорд е докажано дека луѓето кои во 40 година се дебели умираат седум години порано.

Оние со позитивен став кон животот и стареењето живеат 7,5 години подолго. Резултатите од студијата која е работена на Јеил во текот на 23 години го поткрепи и едно истражување во Холандија – оптимистите живеат подолго.

Откажувањето од цигарите го продолжува животот за 10 години. Луѓето кои никогаш не пушеле во просек живеат 10 години подолго од оние кои пушеле по 20 цигари на ден.

Оженетите мажи во просек живеат 10 години подолго од самците, а омажените жени четири години подолго од немажените. Меѓутоа, една студија од Швајцарија покажа дека бракот на жената и’ го скратува животот за 1,4 години, веројатно заради стресот и напорот при заедничкиот живот со мажот.

Парите и животот во „добра населба“ можат да го продолжат животот за 20 години. Најочигледна разлика е забележана во Балтимор, каде во сиромашните квартови просечниот животен век е 63 година, а во побогатите квартови 83 години.

Би можело да ве интересира:

НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg