Грбна порака против секс
Австралискиот тип на гуштери Lake Eyre имаат необичен начин за да избегнат секс со мажјаците кои инсистираат на парење, често низ насилна тактика дури...
...и откако женките се оплодени. Научниците го проучиле овој необичен феномен на женките гуштери кои припаѓаат на типот Lake Eyre (односно Ctenphorus maculosus), кој е нетипичен за животинскиот свет.
Имено, за женките да избегнат парење по оплодувањето или само да ги одбијат бидејќи насилноста на мажјаците од оваа врста понекогаш предизвикува и смрт, се превртуваат на грб, откривајќи ги своите портокалови шари. Тоа е положбата за мажјакот каде едноставно е невозможно да изврши пенетрација со еден од своите двата пениса.
“Мажјаците од овој тип на гуштери се многу упорни и се трудат да исфорсираат колку што е можно повеќе секс во периодот за парење. Женките кои нема да успеат да се одбранат од партнерот, едноставно се превртуваат на грб, со што го оневозможуваат секој понатамошен обид”, изјавил др. Деви Стуарт – Фокс.
Интересен е и фактот дека женските за време на периодт на парење, имаат високо ниво на тестостерон во крвта, што е и главната причина за нивните техники на одбивање.