Цветање на мозокот
Од 3та до 7ма година доаѓа до појава која се нарекува цветање на мозокот, а со креативните игри родителите можат да го поттикнат развојот на интелектот на детето.
Креативните игри како што е сложувалката и оние игри кои бараат користење на додатоци за нивно решавање ја развиваат и унапредуваат интелегенцијата на децата.
Од едно истражување се добиле резултати дека најмногу може да им влијаеме на децата од 3та до 7ма година од нивниот живот и тоа дури до 20% од развојот на детето се случува тогаш.
Меѓутоа, според научниците тој процент во најголем број од случаевите останува неискористен.
Со помош на игрите во кои се употребува на пример боењето се развива креативноста на децата.
Исто така важна околност е што овие игри во најголем дел можат да се играат насекаде и со многу едноставни реквизити.