NASA сними спектакуларна експлозија на Сонцето
Опсерваторијата за соларна динамика (Solar Dynamics Observatory) на американската агенција за вселенски истражувања NASA, во петокот на 31-ви август снимила драматична експлозија на Сонцето, објави во понеделникот Агенцијата.
На снимката под екстремната ултравиолетова светлина е прикажана спектакуларна експлозија на вжарени ништо. Снимката е забрзана, бидејќи всушност го прикажува процесот кој трае три часа, напомнуваат од NASA.
Се предвидува дека радиоактивниот облак кој настанал од експлозијата ќе пристигне до Земјата во понеделник, но експертите очекуваат дека ќе предизвика само незабележителна геомагнетна бура.
03.09.2012 (Макфакс)
-->
Би можело да ве интересира:

6 научни теории што го променија светот (и секој треба да ги знае)
Теоријата на Ајнштајн за која слушнале сите, но и квантната теорија која го пром...

Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни)
Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...