Најстрашното морско чудовиште
Станува збор за морско чудовиште, кое било долго 15 m, забите му биле со големина од 30cm, а черепот му бил подолг од 3m. Тежината изнесувала неверојатни...
... 45 тони, и е сличен со друго морско чудовиште, чив фосил е откриен во 2007 година.
Начуниците тврдат дека ова чудовиште било посилно од Ти-рексот, најголемиот месојад на копното. По долгото испитување на конструкцијата, проценета е снагата на неговата вилица во споредба со вилицата на алигатор од Флорида кој има сличен облик.
Заклучоците велат дека Предаторот-Х имал најснажен гриз од сите досега познати суштества, 10 пати помоќен од било кое животно што постои денес, а 4 пати појак од угризот на Ти-рексот.
Се смета дека овој пилосаурус владеел со морињата пред 147 милиони години.
За разлика од фосилот кој е пронајден во 2007 и се проценуваше дека може да загризе помал автомобил, овој Предатор-Х може да сплеска еден автомобил “Хамер” меѓу забите, кој е широк 2, а долг околу 5 метри.
Интересно е да се напомене дека ова морско чудовиште имало мал мозок, со облик сличен на денешните бели ајкули, 4 огромни пераи со кои се движел низ водата, а се хранел со лигњи, риби и други морски рептили.