Мирисајте фараонски

Некој сака да мириса на цвеќе, некој на овошје, а кој сака да мириса кралски ќе го користи парфемот кој некогаш го користела првата жена фараон.




Група на германски научници, се обидува да произведе парфем кој пред 3.500 години го користела египетската кралица Хатшепшут, која била инаку првата жена фараон.

Археолозите од египетскиот музеј и универзитетот во Бон проучуваат еден неверојатно сочуван талог од mirisajte-faraonski1едно шишенце во кое најверојатно се наоѓа течноста која ја користела Хатшепшут.

Хатшепшут која живеела ( 1473 - 1458 година п.н.е.) била првата жена фараон.
Нејзиното владеење траело 20 години и допринело за голем развој на Египет.

Ако германските фармаколози успеат да ја остварат својата намера, тие на некој начин повторно ќе го оживеат споменот на една кралица чие име, после нејзината смрт било избришано од сите храмови.

Би можело да ве интересира:

Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg