Македонски ракотворби – совршен подарок за 8-ми Март
- Детали
- петок, 28 февруари 2025
Доколку се прашувате каков подарок би бил пригоден и совршен за денот на Жената, 8ми Март, тогаш несомнено би требало да се посети традиционалниот базар на ракотворби во ГТЦ.
На дваесетина тезги, поставени на приземјето, љубезно и срдечно ќе бидете пречекани од самите ракотворци. Нивните ракотворби се изработени со големо внимание и љубов и секако, разновидни и уникатни.
На базарот ќе биде прикажан широк асортиман на ракотворби, од мартинки, плетени алки, накит изработен од епоксидна смола, полимерна глина, кожни и дрвени аксесоари и модни додатоци, полудрагоцени камења и кристали, филигрански накит, декоративни свеќи, домашни етерични масла, природни цвеќиња, па сѐ до сребрен накит и уметнички слики.
За сите заинтересирани, традиционалниот осмомартовски базар, организиран од Занаетчиска комора Скопје и ГТЦ, ќе трае од 1ви до 8ми Март, секој работен ден (освен недела), 10-20часот. Повелете, разгледајте и уверете се во мајсторството на нашите занаетчии – ракотворци. А зошто да не одберете и нешто уникатно за вас, или за вашите најблиски.
Ракотворците кои ќе ни се претстават се: Креативно студио Алегра, Филигран М Накит, Farina’s Handmade, Катарина Дода Јувелир, Добро Ми Стои, Арт студио С, Ателје Сиена, Siena Silver Jewelry, My precious, M&M Luxury Soap Bouquet, Декорации Марија, Уметничко студио Фантаст, Паеон, Шарена Приказна, Хеклана, Студио Кристина, Шарено ќоше, Дониа Ма, Мама Органа.