Белата куќа згрозена од видеото во кое „гола Меланија“ игра пред раперот T.I.
Раперот T.I. ја навреди првата дама на САД, Меланија Трамп, во видео спотот во кој најмил нејзина двојничка за да му игра стриптиз.
„Како ова може да биде прифатливо?“ гласат коментарите по социјалните мрежи, осудувајќи ги го најновото видео за T.I.
Видеоспотот веќе има милионски прегледи, благодарение на провокативната содржина.
Приказната почнува како Доналд Трамп ја напушта Белата куќа со хеликоптер, а потоа „акцијата“ почнува во овалната канцеларија.
Жената која е двојничка на Меланија Трамп се појавува во контроверзна јакна со натпис I really don’t care, do u?, која првата дама ја носеше пред неколку месеци.
Со спотот, раперот сакаше да го промовира новиот албум Dime Trap, но и воедно да се пресмета со некогашниот пријател Канје Вест, кој неодамна се сретна со Доналд Трамп во овалната канцеларија.
М. Д. | Црнобело