Меланија Трамп во контроверзна јакна со натпис „не ми е грижа“ додека посетуваше имигранти (фото)
- Детали
- петок, 22 јуни 2018
Меланија Трамп се упати кон приватниот авион, кој требаше да ја однесе до границата полна со имигранти, носејќи контроверзна јакна.
Меланија беше во посета на дечињата имигранти облечена во лежерна комбинација која вклучуваше Adidas патики и Zara јакна со контроверзен натпис „не ми е грижа.“
Нешто подоцна Доналд Трамп на Твитер појасни дека пораката се однесувала на лажните вести и информации кои кружеле по медиумите, а не на целата ситуација со имигрантите.
“I REALLY DON’T CARE, DO U?” written on the back of Melania’s jacket, refers to the Fake News Media. Melania has learned how dishonest they are, and she truly no longer cares!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 21, 2018
Како изгледаше Меланија во кежуал издание:
М. Д. | Црнобело