Гласот на Витни “пукна“?

glasot-na-vitni-pukna-povekjeВитни Хјустон на големиот концерт во Централ Парк отпеала само 4 песни заради проблеми со гласот за кој тврди дека настанале бидејќи премногу зборувала...

 

...кога била на гости во шоуто на Опра.

Првиот јавен настап на Витни по подолга пауза бил замислен мошне амбициозно: со директен пренос во популарната емисија Good Morning America.

Пејачката дива во њујоршкиот Централ Парк настапила вчера (на денот на излегување на нејзиниот нов албум) пред 5.000 обожаватели, од кои некои за таа прилика дошле од други континенти.

Покрај две нови песни од новиот албум, "Million Dollar Bill" и "I Look to You", Витни го отпеала и својот голем хит "My Love Is Your Love", но нејзиниот глас на неколку пати “пукнал“.

Витни и се извинила на публиката и рекла дека гласот и е уморен бидејќи премногу зборувала кај Опра.

“Извинете. Навистина не би требала да зборувам туку да пеам“ - рекла Витни.

По тоа настапот го заклучила со еден од своите најголеми хитови "I'm Every Woman", а реакциите на публиката биле измешани: некои биле задоволни што нивната љубимица барем се обидува да оствари враќање на сцената, а други биле разочарани од состојбата на нејзиниот некогаш моќен глас.

glasot-na-vitni-pukna

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg