Тајната на успехот на U2
Фронтменот на U2, Боно и гитаристот The Edge тврдат дека формулата за успехот на групата е едноставен – сите четворица членови имаат големо его.
Ирските рокери опстојуваат заедно веќе 31 година без да се разделат и да започнат соло проекти. The Edge ја открива причината на нивната лојалност – секој член смета дека U2 е негов бенд.
Тој вели: "Тапанистот Larry Mullen, Jr. го започна бендот, па Larry мисли дека е негов. Но, басистот Adam Clayton беше првиот менаџер, па тој го гледа како свој бенд. Не треба да се спомнува дека и Боно го гледа како свој бенд. Вистината е, иако сум скормен за да го кажам ова, дека бендот е мој."
Боно додава дека заедничкиот ентузијазам на групата за совршенство го надминува секое разидување за тоа чија заслуга е успехот.
Тој вели: "Важно за четирите егоа, кое мора да се има ако сте во група, е што егото на бендот е поголемо од она на посебните членови. Ние заедно ги пишуваме песните, а така е уште од кога имавме 17 или 18 години, па изгледа на луѓето не им е важно чија била идејата или кој ја напишал песната, се додека идејата е одлична."