Преслушајте ја првата песна од новиот албум на Тоше Проески
Хрватското списание „Nedjeljni Jutarnji“ добило ексклузивна можност да биде во студиото каде се подготвува престојниот албум на Тоше Проески и да ја преслуша новата песна „If You Wanna Leave Me“.
Луѓето кои стојат зад изборот на песни во овој албум се познатиот британски продуцент Енди Врајт кој и претходно ги продуцирал сите песни на Тоше Проески кои биле отпеани на англиски јазик, Претседателот на Меѓународната Фондација Тоше Проески, Славен Ристески и Сашо Митков, менаџерот на матичната издавачка куќа на Тоше.
Во студиото се нашла и сопственичката на музичката агенција Озирис од Загреб која е авторка на насловната песна на албумот, именувана како „Secret Place“.
Преслушајте ја песната на следниов линк.