Македонски пејачи на чии песни лудо се забавувавме, а денес ни недостасуваат на музичката сцена (видео)
„Јас сум вечерва... твоја божица...“, „Убав и мил, паметен и фин, тој е...“ - веќе си ги отпеавте до крај, нели? Сите се сеќаваме на овие ретро македонски поп хитови од пејачи и музички групи кои веќе не се многу активни на естрадата, но песните им се евергрини.
Нови Дечки, Сашо Спасовски, Тања Царовска, Угро, Ерзана, Врчак - звучи ретро и буди носталгија, нели?
Во 90-тите и почетокот на 2000-ите години се „родија“ многу музички хитови на македонската естрада кои прераснаа во евергрини низ годините и на кои со задоволство се потсетуваме и забавуваме.
Ако и на вас ви недостасуваат овие дамнешни времиња, во продолжение составивме кратка листа која ќе ве распее и размрда - задолжително споделете ја со друштвото.