Констракта обезбеди пласман во финале, со совршен настап и хит детаљ - чевли од времето на Југославија (видео)
На нозете Констракта ги носеше култните југословенски чевли боросани, кои се препознатливи чевли за жените од работничката класа. Совршен избор за нејзиниот ефектен настап, зарем не?
Од Констракта, односно српската музичарка Ана Ѓуриќ, не очекувавме ништо помалку. Таа се претстави во совршено издание на втората полуфинална ноќ на Евровизија 2022.
Таа добро ги испоти Србите, па и нас, поради тоа што водителите нејзиното име го соопштија дури последно во листата на пласирани. Редоследот е по случаен избор, но исчекувањето беше навистина стресно.
Едноставна, но ефектна, таа го привлече вниманието на целата европска јавност.
На нозете Констракта ги носеше култните југословенски чевли боросани, кои се препознатливи чевли за жените од работничката класа. Удобни и симбол за медицинскиот персонал, тие беа вистински избор за настапот на Констракта.
Настапот низ фотографии:
Прочитајте и Мислам дека знам зошто Констракта ми оди на нерви
Погледнете како изгледаше нејзиниот настап:
С. С. | Црнобело