Канје Вест го „закопа“ жив Пит Дејвидсон во новиот бизарен музички спот, откако Ким стана легално сингл (видео)
Само неколку часа откако Ким и официјално беше прогласена за сингл и го врати моминското презиме, Канје објави нов музички спот во кој на бизарен начин покажа што сака да му направи на нејзиниот нов дечко.
Канје Вест не ги крие негативните чувства за новиот дечко на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан. Тој објави ново бизарно музичко видео во кое се пресмета физички со Пит Дејвидсон.
По вербалните препукувања од изминатиот период, поранешниот сопруг на Ким Кардашијан (41), Канје Вест (44) одлучи да покаже што мисли за нејзиниот нов дечко Пит Дејвидсон (28) во својот најнов спот.
Прочитајте и Има растројство на личноста и уште 8 факти за новиот дечко на Ким Кардашијан
Само неколку часа откако Ким беше прогласена за легално сингл и ѝ беше дозволено да го користи само моминското презиме, Канје објави видео-спот во кој ја киднапира анимираната верзија на нејзиниот нов дечко и ја закопа жива.
За потсетување, Ким поднесе документи за развод минатата година, а во декември поднесе и документи со кои побара да биде прогласена за легално сингл.
Со најновата одлука на судот Ким е на чекор поблиску до официјален развод од Канје, а ќе треба да решат уште неколку битни прашања поврзани со поделбата на имотот, но и за старателството над нивните деца.
Инаку, Канје неодамна во јавност се појави со својата нова девојка Чејни Џонс (24) која е идентична копија на неговата поранешна сопруга.
Ако може да се суди според новиот спот, Канје очигледно сè уште не прифаќа дека тој и Ким повеќе не се заедно.
Погледнете го видео-спотот во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело