25 години од „Wannаbe“ на Спајс Грлс – како петте „зачинети“ девојки засекогаш ја сменија поп музиката?
Јули е месецот кога членките на Спајс Грлс ја прославија 25-годишнината од нивниот прв деби-сингл кој стана огромен хит, песната „Wannаbe“.
Поточно, датумот на кој за првпат ја слушнавме заразната музика и текстот на хитот беше 8 јули во далечната 1996 година.
Песната се најде на врвот на сите светски топ листи. Петте девојки – Мел Би, Ема Бантон, Мел Си, Викторија Бекам и Џери Халивел придонесоа да се продадат над 90 милиони примероци од песната во светски рамки.
https://www.instagram.com/p/CRv1CdrKcaW/
Ова дефинитивно е песната која ги смени животите на петте харизматични Англичанки, но и текот на поп музиката.
Групата се оформи во 1994 година, но само 4 години подоцна, Гери Халивел реши да ја напушти во 1998 година. Женската поп сензација се распадна во 2000 година.
Тие повторно ги здружија силите за време на заедничка турнеја во текот на 2007-2008 година, а имаа и настап во 2012 година за време на затворањето на Олимписките игри во Лондон.
Во 2019 година Спајс Грлс решија да имаат уште една заедничка турнеја, но овојпат без Викторија Бекам која работи како моден дизајнер. Дали и вие бевте од оние кои непрестајно го потпевнуваа големиот хит на Спајс Грлс?
https://www.youtube.com/watch?v=BDX8eTORFCo
(О)Милена | Црнобело