„Каде бегаш“ на String Forces наполни 20 години – „Изохронија“ останува еден од култните македонски албуми кои ја редефинираа музиката

Песната „Каде бегаш“ на String Forces беше промовирана со видео-запис на 25.04.2001 година. 20 години потоа, таа останува една од најомилените современи, македонски песни.

Kade-begash-na-String-Forces-napolni-20-godini-01.jpg

String Forces е формирана во 1995 година во Скопје, околу „жиченото“ јадро: Алфрида Тозиева – виола, Доријан Јовановиќ – бас гитара, Сашо Трендафилов – гитара.

До крајот на 1996 имало неколку промени на пејачи, а конечниот резултат се Јелена Брајовиќ и Елена Мановска. Со доаѓањето на тапанарот Влатко Икономов се оформил составот којшто го снимил првиот, самонасловен албум во 1998 год.

Албумот бил издаден на почетокот на 1999 и бил одлично прифатен од критичарите, но не и од пошироката јавност и слушателите. Ова довело до мало губење на насоката што резултирало со поголема промена на членовите кон средината на 2000 година.

Тогаш се оформил и последниот актуелен составот на групата: Александра Мангаровска-Милиќевиќ – вокал и флејта, Александар Стојанов – вокал и гитара, Алфрида Тозиева – виола, Дориан Јовановиќ – бас гитара, стик, ут, и електроника, Благојче Пенов – тапани. Оваа промена се совпаднала и со промената на стилот и музичката насока на групата.

Групата го промовирала видео-спот за песната „Каде бегаш“ во април, 2001 година, а песната доживеа огромен успех, искачувајќи се на првото место на топ-листите на Македонската радио-телевизија. 

Таа е дел од вториот студиски албум „Изохронија“, чија промоција се одржа на почетокот на 2002 година.

Во „Изохронија“ се вбројуваат уште неколку големи хитови:

Води Ме: 1 Дел

Суб

Келари Шарени

Дали ви недостига музиката на String Forces? Минатата година, групата на својот официјален профил на Фејсбук го напиша следното:

„Дали сме ви кажале дека од почетокот на мај 2020 до сега String Forces издадоа (дигитално) 3 албума снимени во живо?! Е па ако сме ви кажале, тогаш не сме биле во право затоа што се 4 (со зборови: четири) албума во живо. И што е уште поинтересно, има уште за издавање. Можеби ви е вас тоа досадно и не баш потполно јасно зошто, но ете во случајов ни се може, а и добра прилика е ова време-невреме да се искористи за да се научат некои работи, пред сè! Снимено во живо во клубовите Вега (во 2005) и Хавана (во 2009). Да, постоеа и клубови едно време во коишто се свиреше…“.

Се надеваме дека наскоро ќе ги слушнеме String Forces во живо.

(О)Милена | Црнобело / Фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
Антониа Гиговска со нов имиџ порачува: „Право машко знае како треба“ Пејачката ја изненади јавноста со кратката руса коса, па испрати порака дека „пр...
„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
Ивона Јо: „Несебично ви ја подарувам 'Себично' - Нека стигне до секоја душа што пати и боли“ Ивона Јо имаше маестрална изведба на овогодинешниот Макфест, каде што се претста...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg