Од уличен свирач до најголем светски хит - приказната зад „Dance monkey“
Сигурни сме дека сите добро ја знаете и си танцувате на „Dance Monkey“ од Tones and I. Светскиот вирален хит крие навистина интересна приказна.
Пејачката Тони Вотсон до пред две години живеела во комби и настапувала како уличен свирач. Порасната во преградие на Мелбурн, Австралија, Тони работела како продавачка на облека преку ден, а навечер, креирала музика.
Звучи како филмско сценарио, но Тони била забележана од сега нејзиниот менаџер Џексон Браун на улиците на Бајрон Беј.
Ова е видео од нејзините улични настапи – интересно е што песната речиси не е воопшто променета.
„Еден човек помина и ми ги украде собраните пари. Друг се обиде да се пикне до мене и да свири на мојата тастатура. Целата публика беше пијана. Почнаа да ме критикуваат. Бев навистина фрустрирана. Песната ја напишав после ова 6 часовно исцрпувачко справување со уличната публика“ – изјавила Тоунс.
Своето деби во Америка го имаше во шоуто на Џими Фалон.
https://www.youtube.com/watch?v=4iQxG8ZjYO8&feature=youtu.be
Навистина, трудот се исплати, и сите мораме да почнеме од некаде....
Е. П. | Црнобело