Вистинска приказна со трагичен крај се крие зад песната „Tu noć kad si se udavala“
Tu noć kad si se udavala е една од најпознатите песни на Prljavo kazalište која се слуша и денес. Но, дали ја знаете тажната приказна што се крие зад неа?
Prljavo kazalište e загрепски рок-бенд основан во 1977 година.
Овој бенд се вбројува меѓу најпопуларните музички состави во Хрватска, но и регионот, и има оставено неизбришлив траг во хрватската музика.
Првично биле панк состав, иако тежнееле кон тоа да звучат како британскиот рок-бенд The Rolling Stones.
Нивната популарна балада „Tu noć kad si se udavala” настанала во далечната 1993 година и станала безвременски хит.
Песната се слуша и денес, но малкумина знаат каква приказна се крие зад оваа нумера.
Имено, еден од членовите на бендот, Јасенко Хоура, имал девојка која била центар на неговиот свет.
Кога требало да замине во војска, Јасенко ја прашал својата сакана дали ќе го чека да се врати, на што таа се согласила.
Сепак, кога тој се вратил од војска, доживеал голем шок.
Веднаш по неговото враќање, бендот имал закажано свирка на свадба, но се покажало дека станува збор за свадбата на саканата на Јасенко со друго момче.
Иако Јасенко никогаш јавно не зборувал за ова, во некои постари верзии на оваа приказна се споменува дека девојката набргу по венчавката си го одзела животот пукајќи си во главата.
За овој настан е снимен и филм во хрватска продукција.
С. Ш. | Црнобело / фото: Фејсбук