Со љубов од Италија и Македонија – Дац и Александар пеат со нашиот тенор Благој Нацоски од Џенова (видео)
Музичка прегратка во време на корона - Дац и Александар од домовите во Скопје заедно со нашиот тенор, Благој Нацоски од домот во Џенова, стоплија многу срца со емотивна македонско-италијанска преработка на хит песната „Уште ми фалиш“.
Нашиот оперски пејач, Благој Нацоски од Скопје, кој живее и работи во Џенова, Италија, постојано упатува пораки до неговите фанови на социјалните мрежи и со музика се обидува да го разубави секојдневието на луѓето во овие тешки моменти низ кои минува светот.
Александар и Дац, пак, не престанаа да ја забавуваат публиката во овие времиња и преку Фејсбук видеа во живо им го разубавуваат времето поминато дома на нивните фанови.
Тие пеат љубовни песни во полициски час, а најновата соработка со нашиот тенор, Благој, виртуелно стопли многу срца.
Тие од удобноста на своите домови ја отпеаја нивната хит песна „Уште ми фалиш“, а потоа заедно со Благој продолжија со италијанска верзија.
Сега е време сите да бидеме сплотени, а најдобриот начин е преку музика и љубов.
„Сега кога светот боледува и сите граници се затворени, ние решивме со песна да ги отвориме ? За песната и љубовта не постојат граници! Праќаме музичка порака на солидарност, помош и љубов со италијанскиот народ и сите во светот. Заедно со тенорот Благој Нацоски од Џенова, Италија и Александар и Дац со интерпретација од Скопје. Споделувајте љубов ??? “ – стои во објавата на Дац и Александар.
Со порака „останете дома“, Александар, Дац и Благој ви праќаат музичка прегратка со прекрасна соработка:
М. М. | Црнобело