Даниел Кајмакоски во мини здолниште - „му легна“ улогата на Тејлор Свифт во Твоето лице звучи познато
Нашиот пејач без сомнение ги воодушеви и жирито и публиката, во петтата сезона од „Твоето лице звучи познато“.
Даниел Кајмакоски се појави на сцената со мини здолниште, розов корсет, перика и високи потпетици, за кои мора да признаете дека ги носеше одлично. Овој пат, Даниел ја имитираше познатата пејачка Тејлор Свифт, а заврши навистина добра работа.
На сцената му се придружи и српскиот пејач Алекса Јелиќ, кој за овој настап беше во улогата на Брендон Јури. Повеќето присутни прокоментирале дека Алекса бил подобар Брендон и од самиот Брендон.
Погледнете го целиот настап во продолжение:
https://www.youtube.com/watch?v=d3OzGqkZ4es
Спирова С. | Црнобело